Ознака: збор

Чаша која вреди 200 долари

Post Views: 1 Било потребно седум години стартап фирмата Mark-one да го развие својот голем производ – паметната супер чаша Vessyl, која ќе чини 200 долари. Како што пренесуваат американските медиуми, станува збор за чаша со волумен од 0.38 литри која се напојува со батерија, а има овозможена блутут врска и смартфон синхронизација. Оваа чаша работи на следниот принцип: ја полните со било каков пијалок и на дисплејот ќе добиете прецизно покажување што пиете. Редакцијата на порталот Верџ ја тестирале чашата со неколку десетици различни напитоци и Vessyl без исклучоци секој пат погодил...

Continue reading

ezero

Комисијата од Унеско доаѓа во Охрид

Post Views: 3 Министерството за култура упатило покана до Комисијата од Унеско да го посети Охрид и езерото, информира портпаролот Анита Јованоска.  Според портпаролот на ресорното министерство станува збор за  формална  покана. „ Согласно Правилникот на Унеско сите градови и држави кои се на листата на заштита под Унеско, имаат обврска да ја информираат Комисијата на Унеско за сите аспекти од реализацијата на проектот.  Министерството за култура преку Националнат комисија за Унеско постојано има соработка и координација со Унеско и ги информираат за сите аспекти од реализацијата...

Continue reading

Мистеријата на исчезнатиот Боинг

Post Views: 4 Katherine Tee (41) од Велика Британија за време на мистериозното исчезнување на малезискиот авион со 239 патници и членови на екипажот, со својот брод пловела во водите на Индонезија. Вели дека е уверена дека тогаш го видела авионот, за кој вели дека бил во пламен, а од него излегувал чад. “Видов долг авион како сјае со портокалова боја, а зад себе остава трага од црн чад”, го опишала своето искуство Katherine, која наведува дека леталото се движело во правец од север према југ. Во исто време на небото во нејзиниот видокруг биле уште два авиона, но овој кој го видела...

Continue reading

sportska sala

Спортската сала во Велгошти е сеуште без технички прием

Post Views: 8  Градежни зафати се изведуваат на спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти.  Иако салата беше  пуштена во употреба пред два месеци не е направен технички прием. Од Локалната  самоуправа информираат дека пред две недели стартувале  мали зафати. Од скелињата поставени околу зградата може да се заклучи дека  станува збор за обложување на фасадата на спортскиот објект. Спортската сала е со површина од 1211 м 2 има две соблекувални и  капацитет од  500 гледачи, а со неа ќе стопанисува Локалната самоуправа.  Покрај учениците од ОУ „ Живко Чинго“ кои ќе ја изведуваат...

Continue reading

ruski film

Ревија на руски филмови во Охрид

Post Views: 9 Центарот за култура со низа активности се вклучува во одбележувањето на денот на Европа и денот на победата над фашизмот. Во таа насока директорката на Центарот, Драгана Боцеска ја најави ревијата на руските филмови која започнува вечерва. Тематиката на филмовите е војна и мир. Боцеска нагласи дека станува збор за филмска ревија која се одвива речиси во целата земја, во организација на филмскиот фонд, руската амбасада Министерството за култура, кинотека на Македонија. „Како препорака филмот „Ослободување“, кој ќе се прикажува на 16 ти мај во четврток. Иако филмот е од...

Continue reading

Кога фирмата ќе нареди

Post Views: 5 На вработените, кои ја проверуваат исправноста на возилата во компанијата General Motors, им бил доставен список на зборови кои не смееле да ги изговараат на своето работно место. Американската влада одлучила да ја казни компанијата General Motors со 35 милиони долари, затоа што доцна ја известила јавноста за неисправноста на возилата поради кои  повлекла 2,6 милиони возила. Владата објавила и документ од 2008 година каде компанијата им препорачува на вработените на работното место “да се држат само за факти” и да не изгоараат зборови кои би го нарушила угледот на компанијата. “Ги...

Continue reading

Bakraceski

Бакрачески: На Охрид му треба универзална сала

Post Views: 5 Враќање на културата во градот со изградба на репрезентативен објект, Универзална сала, посебен приоритет на кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата , Др Никола Бакрачески. „Културата во Охрид е заборавена и се чуствува застој во културната понуда и културниот живот, нагласи Бакрачески. Тој потсети дека не треба да се заборави оти Охрид е изворот на културните и традиционални вредности, место од кое почнуваат многу процеси во културата, а со тоа и во политиката и целокупното живеење. „За таа цел еден од нашите позначајни проекти во овој сектор ќе биде...

Continue reading

narkomani duvlo

Во нас. Гоце Делчев ново дувло на наркомани

Post Views: 27 На влезот од нас Гоце Делчев никна уште едно собиралиште на зависници од дроги.  Станува збор за објектот кој некогаш беше продавница на Охридска Трговија, а потоа на Напредок. Овој објект кој е цврста градба иако од надвор е во добра состојба, внатрешноста е нешто сосема друго. Расфрлани шишиња, шприцеви, остатоци од храна, отпушоци од цигари на сите страни. Се обративме во СВР Охрид со цел да откриеме што секторот превзема со цел да им помогне на жителите од населбата Гоце Делчев. Од таму добивме уверување дека во рамките на нивните редовни активности ќе обрнат внимание...

Continue reading

radiodifuzna taksa

Добивте 3-4 решенија за радиодифузна такса? Без паника, грешка е!

Post Views: 1 Деновиве охриѓани, но и сите граѓани во републикава, како гром од ведро небо ги погоди еден  несекојдневен проблем. Спротивно на законот за радиодифузна дејност, на нивните адреси наместо една сметка по домаќинство, ги дочекаа две, три или повеќе сметки за радиодифузна такса, буквално за сите членови во семејството. Едно охридско семејство со кое разговаравме ни кажа дека дури подготвуваат и претставка до Уставниот суд на Македонија. За среќа и на охриѓани, и на сите граѓани на државава, по увидената состојба, со соопштение се произнесе и корисникот на средствата од...

Continue reading

najavna shpica joklama

Охридска Јоклама-првата телевизиска утринска емисија во градов

Post Views: 10 Охридска јоклама-верувам дека сте го слушнале и употребиле овој термин и претходно, но почнувајќи од овој понеделник, тој ќе добие и едно друго значење. Токму ова е името на новиот производ на Телевизија ТВМ, кој за нецели два дена ќе започне да се емитува на нашата телевизија. Охридска јоклама официјално е првата телевизиска утринска емисија во градов, а за оние кои не знаат што значи тоа јоклама, мало појаснување  од водителот на оваа емисија, Крсте Голабовски. „Збор кој често го користат охриѓани. Инаку станува збор за турцизам, за турски збор што значи истражување,...

Continue reading

sednica

Градските избраници фокусирани само на три точки

Post Views: 1 Советниците  денес го завршија 50-тото продолжение на прекинатата седница од 27 јули.  Од дваесеттината точки кои ги имаа на денешниот дневен ред тие подетално се осврнаа само на три. Советниците од опозиционата Вмро Дпмне  најмногу беа заинтересирани за Извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште. Поставуваа прашања кога ќе се тампонираат и доасфалтираат улиците, кога ќе се изградат тротоарите, кога ќе се поставува вертикална и хоризонтална сообраќајна сигназлиација, со чии пари ќе се изгради напукнатиот потпорен ѕид на  црквата Св. Елена...

Continue reading

logo

„Човекот перница“ на Охридско лето

Post Views: 10 Вечерва на „Охридско лето“ претстава која започнува и завршува со тресок. Станува збор за театарското дело „Човекот перница“ на ирскиот драматург Мартин Мек Донах во режија на Јавор Грдев, а во продукција на „Театарот 199“ од Софија. Станува збор за своевиден трилер  напишан во духот на Кафка, браќата Грим и Дејвид Линч истовремено кој го поставува прашањето за насилство врз децата, насилството на државата во врска со нејзините граѓани, насилството како тема на креативноста и правото на сопствениот идентитет. Тема која може да се најде на секаде околу нас, вели режисерот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top