Post Views: 5
Извештај кој нуди алтернативни решенија за проблемите во врска животната средина или само документ плус? Станува збор за стратешка оценка која произлегува од Законот за животна средина и просторно планирање, односно, плански документ кој отсега е потребен при изработка на урбанистичката планска документација, вели Пеце Мирчески, еден од авторите на извештајот. Инаку, целта на овој извештај е идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина, животот и здравјето на луѓето, кои би произлегле со имплементација на планскиот документ. Постапката се спороведува...
Post Views: 0
Претседателот на МЗ истакнува дека и покрај тоа што надлежните знаат дека фекалиите од ул. Петрино се вливаат во Сушица, преку неа во Грашница па во Охридското езеро, сепак не превземаат ништо.
„ Се трудам ова да се реши еднаш засекогаш. Од фабриката Застава на ул. Петрино поминува и канализациите се спроведени во тој канал ја пуштија водата овде но не можеше да ја прими од оправдани технички причини и затоа ја оставија на течи вака. Апелирам под итно да се превземат мерки ова да се санира“, истакна претседател на МЗ Радојца Новичиќ Перо Петрески Калимеро.
Петрески...
Post Views: 3
И Македонија отсега на своите депонии ќе мора да одлага само селектиран цврст отпад. Станува збор за дел од европската легислатива која ќе мора да ја испочитуваме како земја кандидат за членство во ЕУ. Без разлика дали ќе станува збор за примарна или секундарна, селекцијата ќе мора да биде интегрален дел од идниот процес на одлагање на цврстиот отпад. Владислав Жупан, менаџер за проекти за локален развој вели дека привичната идеја за одлагање на неселектиран отпад, отсега не е опција.
„На ниво на општина, ќе мора да се воведе примарна селекција на отпадот. Од друга...
Post Views: 4
Охридските домови сеуште мета на крадците. Злосторниците не бираат, дали станува збор за викенд станови и куќи или пак за постојани живеалишта. И покрај тоа, охриѓани, се чувствуваат безбедни и веруваат во работата на полицијата.
По пријавите на граѓаните за зачестени кражби во нашиот град, го исконтактиравме портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Тој не информира дека објекти кои најчесто се предмет на грабеж се куќите и становите, без разлика дали станува збор за викенд или постојани живеалишта. Се почесто, на мета на провалниците се и продавниците. Според начинот...
Post Views: 10
Околу пладне од два полициски џипа и едно комбе се истоварија полициски службеници- припадници на специјалните единици. Дознаваме дека акцијата е спроведена во одделението на УЈП, кое е сместено во општинската зграда. Портпаролот на УЈП Весна Новаковиќ за ТВМ не сакаше да открие детали за денешната акција, но и не сакаше да одговори на нашето прашање, дали и зошто управата за јавни приходи побарала асистенција од МВР за да влезе во сопствените простории? Исто така, не добивме одговор и на прашањето, дали полициската асистенција била заради носење на документација од...
Post Views: 0
Прво на мета на вандалите и крадците беа светилките од улиците кои се на периферијата. Така речиси сите канделабри на улицата „Марко Цепенков“, останаа со изложена внатрешност и сега се потенцијална опасност за минувачите.
Од одделението за комунален развој и сообраќај при општината, велат дека имаат намера, металните капаци на канделабрите да ги заменат со пластични, бидејќи се сомневаат дека истите се крадат и се препорадаваат како старо железо.
Не се поштедени ни светилките на популарната пешачка патека која води до хотелот „Инекс“.Од Локалната информираат дека...
Post Views: 1
Под мотото да им помогнеме на оние кои немаат а се до нас, а по иницијатива и во организација на жените и младите при О.О. на НСДП од Охрид, собрани социјални пакети за сто најзагрозени семејства во градов. Верица Хајба советничката од редовите на НСДП потенцира дека на овој начин, од оваа партија сакаат да се приклучат во одбележувањето на празникот Св.Климент Охридски. Советничката Хајба додаде дека станува збор за скромен прилог, но доколку сите помагаме по малку, тоа ќе биде голем допринос за ранливите категории од општествената заедница. Хајба додаде дека пакетите...
Post Views: 3
Предлог одлуките за утврдување на нацрт дуповите кои се однесуваат за опфатите „Табана“ и „Кеј“ познат како Ривиера, не стигнаа пред советниците. Иако, спред зборовите на началникот на Секторот за урбанизам и просторно планирање, Бранко Арнаудов, предложените Нацрт ДУП-ови се со помал процент на изграденост во споредба со веќе постоечките ДУП-ови за овие опфати, и дека се добри за урбаниот имиџ на градот, градоначалникот Петрески пред усвојување на дневниот ред истите ги повлече. Наследниците на ова земјиште одлуката на градоначалникот ја проследија со разочарување....
Post Views: 10
Урбанизмот, работата на јавните претпријатија и формирање на нови како и потребата од кредитното задолжување на општината, беа точките околу кои на големо дискутираа советниците на ова 27-мо издание на седницата на советот. Ги усвоија предлог одлуките за основање на три нови јавни претпријатиа, следбеници на ЈП „Охридски Комуналец“. Станува збор за основање на ЈП за управување со градски гробишта, ЈП, за управување на пазари на гоелмо и мало и ЈП за вршење на погребни услуги.Охридските советници најмногу се исторошија околу извештаите за работењето на јавните претпријатија...
Post Views: 3
Епидемијата на СИДА во светски рамки, слабее. Така, според последниот извештај на ООН, бројот на ХИВ позитивни лица е значително намален на 33 милиони, во 2009 година. Експертите велат дека голем број од високоразвиените земји или ја стабилизирале состојбата или постигнале значајни намалувања во стапките на нови инфекции со ХИВ. И Македонија бележи значајни намалувања на нови инфекции на ХИВ. Епидемиологот Д-р. Јованка Стурулакова Коровешоска вели дека од 1987 година до 31. Октомври оваа година, во Македонија се регистрирани 130 случаи на лица инфицирани со ХИВ вирусот,...
Post Views: 4
Конкурсот за најпрестижната награда на градов „Наградата за животно дело“ и Повелбите „Св. Климент Охридски“, заврши. Дали годинава ова признание, а и неговите добитиници ќе го добијат третманот и вниманието кое го заслужуваат? Ќе заврши ли конечно наградата во рацете на оние кои по заслуга ја добиле? Иако некои од минатогодишните добитници на Св Климентовата награда веќе не се ни надеваат дека таа ќе дојде во нивните раце, некои ќе одат до крај.
Минатогодишниот добитник на Наградата за животно дело, пратеникот Цветко Грозданов за ТВМ изјави дека, иако честа да се...
Post Views: 2
Капитален проект, со кој би се решил проблемот со водоснабдувањето во Охрид. Од О.О на ВМРО Народна велат дека станува збор за изградба на нов водовод во должина од 25 км. Со овој водовод, капацитетите на извориштето Дувло, од атарот на Сел.Свиништа како и на изворите на Коселска река ќе бидат искористени за водоснабдување на селата кои гравитираат по течението на Коселска река, како и на Општина Охрид.
Костоски вели дека изворите се со капацитет од 135-2000 л/с. Станува збор за квалитетна вода чиј состав не е толку богат со варовник, со чија помош ќе се реши водоснабдувањето...