Изградба на регионална депонија?

Овој проект е сеуште во неговиот зародиш. За сметка на тоа, од ден на ден во регионов расте бројот на дивите депонии.

 |  Крсте Голабовски  | 
deponija
депонија

deponijaИ Македонија отсега на своите депонии ќе мора да одлага само селектиран цврст отпад. Станува збор за дел од европската легислатива која ќе мора да ја испочитуваме како земја кандидат за членство во ЕУ. Без разлика дали ќе станува збор за примарна или секундарна, селекцијата ќе мора да биде интегрален дел од идниот процес на одлагање на цврстиот отпад. Владислав Жупан, менаџер за проекти за локален развој вели дека привичната идеја за одлагање на неселектиран отпад, отсега не е опција.

„На ниво на општина, ќе мора да се воведе примарна селекција на отпадот. Од друга страна, тоа повлекува уште една друга работа, дека оние кои нема да бидат во можност да го направат тоа примарно слекетирање, ќе мора да тоа го направи операторот кој ќе управува со депонијата“, вели Жупан.

Аналогно на ова, вели Жупан во депониите нема да има ни толку многу отпад како што претходно беше планирано, бидејќи поради селекцијата количеството  ќе се намали во голема мерка. Ситуацијата со дивите депонии во ЈЗР е многу сериозна.Камиџа Речи од НВО- Натура вели дека во Струга во последниве десет години никнале и биле уништени речиси онолку диви депонии колку што има и населени места.

sostanok„Ситуацијата во депониите кои се условно кажано легални е критична. Најзасегнати се селата околу депониите“, потенцира Речи.
Што се однесува до горливиот проблем со локацијата каде треба да се наоѓа депонијата, тој ќе биде решен штом количеството на веќе селектираниот отпад се квантифицира преку економски показатели. Жупан потенцира дека локацијата не мора да биде во близина на големите градови, туку може да е сместена подалеку од агломератот.

„Ова ќе значи дека ако имаме помало количество смет, можеби истото нема да се одлага во нашиов регион, туку ќе се користи депонија на некој од другите плански региони“, дециден е Жупан.

Сите општини од ЈЗПР досега ги донесоа одлуките на совет, формирани се комисии, за започнување на постапките и ангажиран е германски експерт кој работи на оваа проблематика, додава Жупан. Денес на оваа тема се одржа и јавна дебата со цел зголемување на свеста кај граѓаните за дивите депонии.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top