Ознака: децата

bale

ХПВ вакцината сеуште баук

Post Views: 8  Општина Охрид има висок процент имунизација кој се движи над 98 проценти. За некои вакцини покриеноста е целосна. Задолжителни вакцини кои децата ги добиваат од раѓањето па се до навршување на полнолетство има 9. За некои родители вакцините одамна не се баук. Тие најчесто ги прифиќаат и редовно ги вакцинираат децата со задолжителните вакцини. Досега нема казни за родители кои одбивале да ги вакцинираат децата. Санкциите не се наш приоритет туку заштитата од болести, вели д-р Катерина Димитрова, началник на Општа болница. Во моментов тоа не е случај и со родителите кои...

Continue reading

tocaci polaganje

Одржана манифестацијата „Детски семафор 2012“

Post Views: 20 Во последно време се подолу се спушта границата од која може активно да се учествува во сообраќајот.“ Оттука одржувањето на ваквите манифестации е особено важно за всадување на сообраќајните правила во младите детски глави. „Се она што не е дел од редовната настава секогаш повеќе ги привлекува децата а згора на тоа и самиот факт што децата уште од млади години стануваат реални учесници во сообраќајот, значи не теоретски дел или некаде настрана одвоени туку точно учесници како велосипедисти, како мопедисти, пешаци па и мотористи од млади години во реалниот сообраќај...

Continue reading

logo ldp

Охрид кубури со дефектолози

Post Views: 1 Охрид кубури со дефектолози. На ова поле од ЛДП бележат поразителни статистички податоци. Од една страна тројца дипломирани дефектолози на подрачјето на општината, сеуште чекаат работа по нивната струка а од друга страна Локалната самоуправа и Централната власт вработуваат нестручни кадри. Ова е погрешна политика на двата субјекти вели потпретседателот на партијата Десанка Тасеска. „Денес во која и да било земја членка на ЕУ постојат утврдени правила, што значи на определен број на деца со посебни потреби треба да биде соодветно застапен и определен број дефектолози....

Continue reading

naum rilkoski

Средношколските екскурзии актуелни

Post Views: 17 Средношколците од Свети Климент Охридски во една учебна година дватпати на екскурзија. Оваа информацја малку ја збуни јавноста, па директорот Наум Рилкоски објаснува за што станува збор. Тој вели дека нема два пати да се оди на екскурзија затоа што есента таа била реализирана со учениците од трета година, а пролетва таа ќе се реализира со учениците од втора година. Ова било одлучено поради тоа што во трета година се мешаат паралелките и поради тоа што во втора година децата се подисциплинирани. Ова нема да биде исклучок туку од наредната учебна година ќе стане пракса....

Continue reading

pateka

Пoзитивен пример за општествена одговорност

Post Views: 7  Родителите од детската градинка „Лихнида“ со сопствени средства и со заеднички ангажман бетонираа две патеки во дворот на градинката. Нивната иницијатива потекнува од желбата децата кои своите претшколски денови ги поминуваат во овој објект да уживаат во мигвите поминти таму.Иван Цветкоски, претседател на советот на родители вели дека на ваков начин не само што ќе го разубават дворот туку ќе дадат и позитивен пример за своите деца. Воспитувачките не го криеја задоволството од ваквата иницијатива на родителите. Велика Паункоска, вели дека во дворот на истата не е интервенирано...

Continue reading

gradinka

Охриѓанчињата го поздравија првиот пролетен ден

Post Views: 5 Голем број ученици на градскиот Плоштад и на Кејот, традиционално го поздравија доаѓањето на пролетта. Основците облечени во најразлични костими, со песна и смеа го разубавија и поздравија првиот пролетен ден. Децата не ги заборавија и транспарентите со кои упатија еколошки пораки до возрасните. Тие порачаа да ја чуваат животната средина.  И најмалите дечиња од 5-те детски градинки на ЈДУ „Јасна Ристеска“, на свој начин го поздравија првиот пролеттен ден. Во детската градинка „Лихнида“ најмладите покрај пригодните песнички за пролетта, засадија цвеќиња во дворот на градинката....

Continue reading

манекен

Ревија на облека и модни додатоци од најлон кеси

Post Views: 8 Шаренило од здолништа, корсети, шешири, вратоврски и торбички изработени од најлонски кеси беа прикажани на несекојдневна модна ревија во ОУ„Братство Единство“. Учениците од неколку шести и седми одделенија, по повод Денот на жената 8-ми март, пред своите другари и наставници покажаа што умеат да изработат со нивните вешти раце. Малите модни креатори беа и манекени и водители, возбудени и задоволни од модното случување во нивното училиште. Учениците својата креативност ја изразиле на часовите по изборниот предмет “Вештини за живеење“ од областа облека и мода. Идејата...

Continue reading

fizcko

На децата од нижите одделенија физичко им го заменуваат со математика

Post Views: 7 Наместо физичко – математика или македонски. Родителите чии деца учат во ООУ Григор Прличев реагираат дека нивните деца наместо час по физичка култура, многу често имаат друг предмет. „И покрај тоа што училишните торби им се претешки и децата постојано седат, единствена можност за физичка активност им се часовите по физичка култура кои иако им се по распоред, се кратат“, велат родителите. Проблемот го насочуваат кај учителките кои и покрај тоа што ги тераат децата да носат соодветна опрема, сепак не го одржуваат часот, а доколку сакаат да го одржат немаат термин во...

Continue reading

snow

Снегот за децата радост, за возрасните мака

Post Views: 11 И Охрид под снежна покривка. Врнежите кои од вчеравечер започнаа да паѓаат, за децата донесоа радост, а за воздрасните проблеми. „Механизацијата на ЈП уште во текот на вчерашниот ден околу 18 часот почна со расчистување на улиците и со посипување на сол и песок по улиците. Тротоарите пак и стариот дел рачно се чистат од 5 часот утринава“, вели директорот на ЈП Сашо Алче. „ Се разбира тука работат и трите нови машини кои неодамна ги набавивме, покрај четирите специјални возила за чистење на снегот, посипуваме снег со два трактори и од околу 10 часот изутрина со тешка...

Continue reading

paketcinja

Социјалците добија новогодишни пакетчиња

Post Views: 6 Новогодишни пакетчиња за децата на социјалните семејства. Во еден несекојдневен амбиент со скандирање на името на советникот на ПЕИ, Кујтим Усеини, беа пречекани дел на охридските советници, од страна на полната општинска сала деца и родители од ранливата група. Годинава Дедо мраз, го замени Дедо Кујто кој не лесно се справи со гужвата која се создаде околу делењето на новогодишните пакетчиња. После тоа воздишка, а советникот Усеини задоволен од тоа како помина овој хуман настан. Тој рече дека додека е тој советник ќе има вакви настани, бидејќи чуствува потреба да се...

Continue reading

Нова просторија за децата со посебни образовни потреби

Post Views: 0 Светскиот ден за лица со хендикеп е само повод за заеднички проект на Црвениот крст и Ротаракт клубот.  Тие денеска со работна сила и финансиски средства започнаа со реализација на активностите за подготвка на работни простории за децата со посебни образовни потреби. „ Денеска овој проект го изработуваме како дел од проектот ЦКА ПХВ кој е во училиштетво за децава со посебни потреби. Ние се заложивме и на помош ги викнавме членовите на Ротари клубот.Тие се јавија на нашиот повик и заедно го спремивме просторов за деца кои во оваа просторија ќе одржуваат настава“, вели...

Continue reading

fudbaler so deca

Фудбалерот Тричкоски меѓу децата во градинката Лихнида

Post Views: 11 Познатиот македонски фудбалер Иван Тричкоски денес беше во несекојдневна мисија. Фубдалерот ја посети детската градинка „Лихнида“ и одговараше на детските искрени прашања поврзани со фудбалот. Тричкоси истакна дека е тешко да се биде  фудбалер ама е задовоство да се биде меѓу децата за се потикнат на спорт. Тричкоски се надева дека еден ден некое од децата можеби ќе тргне по неговите стапки. „Мој совет до сите деца е да спортуваат без ралика дали тоа ќе е фудбалот или некој друг спорт. Успехот доаѓа сам по себе после тешките  тренинзи и здравиот спортски дух“, истакна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top