Социјалците добија новогодишни пакетчиња

400 новогодишни пакетчиња за децата од социјалната категорија. Денес охридските советници, на оваа ранлива група, ја честитаа Новата година во општинската сала. Задоволни сите заминаа со полни а некои и со преполни раце новогодишни пакетчиња.

 |  Билјана Николоска  | 
paketcinja
paketcinja

Новогодишни пакетчиња за децата на социјалните семејства. Во еден несекојдневен амбиент со скандирање на името на советникот на ПЕИ, Кујтим Усеини, беа пречекани дел на охридските советници, од страна на полната општинска сала деца и родители од ранливата група. Годинава Дедо мраз, го замени Дедо Кујто кој не лесно се справи со гужвата која се создаде околу делењето на новогодишните пакетчиња. После тоа воздишка, а советникот Усеини задоволен од тоа како помина овој хуман настан. Тој рече дека додека е тој советник ќе има вакви настани, бидејќи чуствува потреба да се помага кога треба, па макар и со мал гест на хуманост.
paketcinjaГодинава пред социјалците беше и координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски. Покрај благодарноста и честитките за Нова година што му ја упатуваа, тој во својот нотес запиша и други забелешки од луѓето, каде што тој може да помогне.
Координаторот пак на СДСМ, Томислав Тунте, рече дека ваквиот амбиент треба да се повторува не само пред новогодишните празници туку и почесто, бидејќи според него во денешно време да ти каже некој благодарам од срце е посебно чуство.
400 тините пакетчиња за нецели 10 минути завршија во рацете на децата. Сите си заминаа задоволни и со полни раце а некои од нив дури и со преполни. Очигледно советниците до година ќе мора да изнајдат нов начин на доделување на новогодишни подароци, бидејќи имаше и такви кои по некоплку пати се вратија, притоа немислејќи дека и останатите треба да земат. Покрај координаторите на политичките партии, присуствуваа претседателот на Советот Душко Јаковчески, советниците на СДСМ,  Љупчо Настоски, Климе Тренески и Ѓорѓи Танески, како и Љубен Буџакоски од ВМРО – ДПМНЕ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top