Post Views: 9
За само десетина дена, неколку пресметки помеѓу врсници во основните училишта во Охрид. Причините – банални. Порака на facebook, непочитување на командите на својот соученик – лидер, кој се поистоветува со лик од сериите или последната, која се случи во ОУ Григор Прличев, кога средношколец од Гимназијата во заштита на својот помал брат, предизвика масовна тепачка.
Некои родители загрижени за она што им го раскажуваат децата по поминатиот училиштен ден. Еден од нив е Александар Ѓоргиевски, дипломиран графички дизајнер, човек чија професија е тесно поврзана со она...
Post Views: 3
1ви Април, денот на шегата е веројатно денот кој дечињата нетрпеливо го очекуваа. Градинките од Охрид, со заедничка огранизација им овозможија да ја покажат својата креативност. Заедно со своите воспитувачки тие си имаа подготвено музички и танцови изведби, се забавуваа, кажуваа шеговити стихотворби. Но, за нив најважно беше што можеа да се маскираат во своите омилени ликови од цртаните филмови, од приказните…
Пеперутки, самовили, принцези, мечиња, пчелички се само дел од креативните маски на дечињата кои беа присутни.
За „Априлијадата“ да изгледа и звучи онака...
Post Views: 3
„Условен паричен надоместок“, ново олеснување при школувањето на децата од социјално загрозени семејства. Оваа програма започна да се применува од годинава, а бенефит од проектот ќе имаат семејствата корисници на социјална парична помош, кои имаат дете или деца, ученици во средно образование и кое се редовни во наставата.
„ За секој ученик запишан во средно оразование предвидени се по 12 илјади денари годишно, распределени во четири квартали, со цел подигнување на нивото на обраованието. Ова е една од мерките кои ги предвидува владата и министерството за труд и социјална...
Post Views: 29
За да се корегираат децата-бељаџии, родителите ќе треба се вратат во училишните клупи. Зачестените насилни инциденти низ училиштата во земјава ги уплашија Властите, па тие ги донесоа овие измени со кои ќе се корегирало однесувањето на децата. Најновите измени на Законот за основно и средно образование им налагаат посетување на „родителски школи“ на оние родители чии деца неморално се однесувале на училиште.
Ако во текот на учебната година, ученикот имал единица по три или повеќе предмети, 10 неоправдани и 100 оправдани изостаноци, учествувал во тепачки или го навредувал...
Post Views: 2
Четврток и петок денови за детски приказни на англиски јазик. Црвениот крст и мировниот корпус го продолжуваат проектот „Детски час за приказни“. Проектот е наменет за деца од 4 до 10 години, а се изведува преку игра, креативни вежби и на англиски јазик.
„ Детскиот час е замислен како креативно катче каде децата не учат како на редовнот воспитен процес во ибразованието, туку преку читање, пеење песни, изработка на креативни вежби. Децата е поделени во две групи од 4 – 5 год. и деца од 6 до 10 години“, вели Мимоза Ставрева – проект координатор – Охрид.
Децата се мотивирани...
Post Views: 8
По низата поскапувања, на ред дојде и сумата која родителите ќе треба да ја плаќаат за згрижување и воспитување на децата во градинките. Неодамна министерот за труд и социјална политика излезе со став дека според првичните проценки на Министерството за труд и социјална политика, цената на градинката треба да се покачи од сегашните 1.490 денари на 2.000 денари. Оваа изјава на министерот со свои сугестии ја поткрепија и Заводот за домаќинство и УНИЦЕФ.Најавата за веста дека ќе се зголеми цената за згрижување на децата во градинка ги вознемири охриѓани. Тие не...
Post Views: 6
Во општинава се евидентирани до полнолетство 12 деца, а додека останатите над 18 години се вбројуваат во категоријата на возрасни. Иницијативата за формирање на едно вакво здружение потекна од родителите кои бара начин да се следат проблемите поврзани со дијабетот, но и да им се помага на децата вели претседателот на првото здружение во регионов, Зоре Димоска.„ Здружението ќе помага во едукација на децата и нивните родители за полесно да се справуваат со дијабетот“.Здружението на деца со дијабет има годишен план со кој се поставени повеќе цели и задачи. Над 60 посто...
Post Views: 5
Техничкото образование поблиску до децата. Ставен во употреба кабинетот по овој предмет во основното училиште „Григор Прличев “. Проектот е прв од ваков вид во нашиот град. Во разговорот со учениците тие го изразија своето задоволство и мотивацијата која ја добиваат од спроведувањето на истиот. Со ова опрема на децата им се доближуваат електронските направи. Целта е на интересен и забавен начин, како и преку практична работа да им се пренесат поголеми знаења од областа на техничкото образование.
Овој проект е од големо значење за нашето училиште вели професорката по...
Post Views: 3
Во посета на ОУ „Христо Узунов“ Охрид, денес беше Евроамбасадорот Ерван Фуере. Седмооделенците од ова училиште преку наставна програма учат за ЕУ и истото денес имаа можност да го покажат пред Фуере. Директорот на училиштето Оливија Пирузева Јанева рече дека присуството на Ерван Фуере е од големо значење не само за децата, туку и воопшто за сите.
Очигледно дека Фуере влезе во срцата на децата. Тоа го почуствува и самиот амбасадор и рече дека младите во Македонија се помудри од политичарите и дека политичарите треба да учат од нив.
Учениците овој момент посебно го доживеаа....
Post Views: 6
Раководителот на РЕ превентива за деца и млади, при Здравствениот дом од Охрид, Д-р Катерина Димитрова, вели дека во нашава општина имунизацијата уредно се спроведува и се карактеризира со 98%. Д-р Димитрова информира дека последниве неколку години се воведени неколку нови вакцини, како вакцината против хемофилус инфлуенца тип Б или (ХИБ) и најновата ХПВ вакцина.
„До пред неколку месеци работевме по стариот правилник, кој беше донесен во 1991 година, меѓутоа годинава, на сила стапи нов правилник, во којшто се вметнати овие нови вакцини и има промена во редоследот на...
Post Views: 3
Настанот кој фрли црна дамка врз охридската Гимназија денеска го потвридија и од СВР и од училиштето.
Директорот на средното училиште Св. Климент Охридски, Наум Рилкоски кој денеска службено беше во Скопје, во телефонскиот разговор истакна дека вакви постапки на учениците никако нема да бидат толерирани, туку напротив децата ќе бидат санкционирани. Рилковски потврди дека деновиве се разговарало и со родителите и со пет од децата инволвирани во случајот, а за утре била закажана средба со уште едното дете и неговите родители. Директрот уште кажа дека за случајот ќе се...
Post Views: 6
Финиширан проектот „Акција против огненото насилство“. Како треба да изгледа светот против оружјето, беше насликан од страна на учениците од ОУ во регионот. Нивните дела беа експонирани во СВР Охрид а истовремено беа наградени најдобрите слики. Портпаролот на СВР –Охрид Стефан Димоски, ја пофали работата на одделението за превенција од секторот, кои во соработка со НВО „Цивил“ и мисијата на ОБСЕ одиграле главана улога во подигање на степенот на јавната свест во оваа сфера.
Претставничката на мисијата на ОБСЕ Јана Напа, рече дека погледнале вкупно 2900 цртежи од цела...