И родителите ќе се враќаат во ученичките клупи

Изостанување од часови, неморалност и навредување на професори. За ваквото однесување на децата, родителите ќе одат на психолошко советување. Ова го налагаат најновите измени на Законот за основно и средно образование.

 |  Мишел Наумоски  | 
ucenicki
ученици

GimnazijaЗа да се корегираат децата-бељаџии, родителите ќе треба се вратат во училишните клупи. Зачестените насилни инциденти низ училиштата во земјава ги уплашија Властите, па тие ги донесоа овие измени со кои ќе се корегирало однесувањето на децата. Најновите измени на Законот за основно и средно образование им налагаат посетување на „родителски школи“ на оние родители чии деца неморално се однесувале на училиште.

Ако во текот на учебната година, ученикот имал единица по три или повеќе предмети, 10 неоправдани и 100 оправдани изостаноци, учествувал во тепачки или го навредувал наставникот, барем еден од родителите ќе мора да ги посетува овие родителски школи. За неодговарање на покана казната е 200 евра. Доколку 3 пати по ред не одговорат на покана, тоа ќе значи директно контактирање на Центарот за социјална работа.

Marija Chanova„Доколку професорите и стручните служби наидуваат на некакви проблеми каде што морално е присуството на родителот според мене проблемот нема да го решиме со изрекување на некаква казна, дури  и да има таква ситуација каде родителот не сака да соработува со училиштето. Проблемот и корените на проблемот се многу подлабоки и не може туку така да се разрешат.“-рече Марија Чанова-педагог во гимназијата „Св.Климент Охридски“

Но зарем овој условно наречен „лимит на неморално однесување“ мора да биде преминат за да се преземат неопходните мерки?

„Ние постојано соработуваме со родителите и сме отворени за соработка, но исто така сметам дека е добро постојано да имаме средби со родителите, но пререстриктивни мерки, односно воведување на глоба, сметам дека барем кај нас, сеуште не се потребни бидејќи имаме добра соработка со родителите.“-додаде педагогот Чанова.

Останува прашањето, дали Пријава од Центарот за социјална работа е вистинската казна за непосетување на овие родителски школи.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top