Ставен во употреба кабинетот по техничко образование во ОУ„Григор Прличев“

Проектот е прв од ваков вид  во нашиот град. Во разговорот со учениците тие го изразија своето задоволство и мотивацијата која ја добиваат од спроведувањето на истиот.

 |  Наташа Размоска  | 
kabinet
кабинет

Техничкото образование поблиску до децата. Ставен во употреба кабинетот по овој предмет во основното училиште „Григор Прличев “. Проектот е прв од ваков вид  во нашиот град. Во разговорот со учениците тие го изразија своето задоволство и мотивацијата која ја добиваат од спроведувањето на истиот. Со ова опрема на децата им се доближуваат електронските направи. Целта е на интересен и забавен начин, како и преку практична работа да им се пренесат поголеми знаења од областа на техничкото образование.

kabinetОвој проект е од големо значење за нашето училиште вели професорката по техничо образование, Ристеска Цветанка. Таа исто така истакнува дека со опремата која сега ја поседуваат работната атмосфера е на високо ниво. Заинтересираноста и мотивираноста на децата е огромна. Паралелно со одвивањето на овој проект  течела и континуирана обука на наставниот кадар. Со тоа се овозможува професорите целосно да им го пренесат своето знаење на учениците. Преку овој предмет децата за првпат навлегуваат во тајните на програмирањето потенцира професорката по техничко образование.

Овој проект е овозможен од страна на УСАИД, невладината организација која секогаш е желна да вложува во образованието на младите. Вкупниот износ за реализација на оваа акција е 5000 американски долари. 80% од овој износ се обезбедени од страна на УСАИД додека останатиот дел беше обезбеден од страна на училиштето. Набавени се нови компјутери, електронски роботи, електронски направи кои функционираат на соларна енергија. Ѓорѓи Кушевски кој е претставник на УСАИД изрази големо задоволство за успешната соработка каде како главна цел е пренесување на поголемо знаење. Вложувањето во нови технологии, како и во образованието се цели за кои УСАИД со голем ентузијазам се залага.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top