Ознака: Галичица

Не стивнува изградбата на дивоградби во НП Галичица

Post Views: 0 Изградбата на дивоградби продолжува во Националниот Парк „Галичица“, а надлежните институции толерантни кон бесправните градби изградени во Националниот парк.Бесправно се градело во најатрактивните делови на крајбрежјето како што се населбите Трпејца, Пештани, Велестово, Коњско, Рамне и Љубаништа. Се граделе нелегални објекти во зоната за одржливо користење, но и во строго заштитената зона на паркот. Од НП Галичица напоменуваат дека се градело и на узурпирано државно земјиште. Оваа национална установа пријавила дванаесет дивоградби во 2021 година и во двата...

Continue reading

ЈАВНАТА УСТАНОВА НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА ВАЖЕН ДЕЛ ОД ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ОХРИД

Post Views: 0 Градоначалникот Кирил Пецаков, беше во посета на ЈУ „Национален парк Галичица“. На средбата, вработените го информираа за начинот на функционирање на институцијата, како и за тековните активности.Дискутирани беа можностите за подготвување на заеднички апликации во ЕУ фондовите и соработка во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и заштитата на Националниот парк. Градоначалникот изрази подготвеност за целосно вклучување во сите процеси кои се однесуваат на градот.

Continue reading

Воспоставена соработка помеѓу Националните паркови „Шар Планина“ и „Галичица“

Post Views: 0 Во просториите на ЈУНПГ беше одржана работна средба и воспоставена соработка помеѓу новоформираниот Национален парк Шар Планина и Националниот парк Галичица. На состанокот беа присутни директорот на ЈУНП Шар Планина Ибрахим Дехари со неговите соработници, а од страна на тимот при ЈУНПГ несебично беа споделени сите работни искуства, предизвици и начини на управување со заштитено подрачје категорија II Национален парк. Во следниот период ЈУНП Шар Планина ќе бидат насочени кон формирање на стручен тим и служба кои ќе вршат заштита на природа и ќе управуваат со...

Continue reading

Европските елени сe враќаат на планината Галичица

Post Views: 0 Европските елени стануваат украс на планината Галичица. Се зголемува нивниот број во репродуктивниот центар на ЈУ Национален парк „Галичица“. Популацијата на елени достигна бројност од преку 60 единки каде што се наоѓа првиот репродуктивен центар во Националниот парк на локалитетот „Косто бачило“. Во 2018 година беа донесени 30 елени, од кои 6 беа мажјаци и 24 женски елени, а стадото успешно се прилагоди и постојано се зголемува, информира Андон Бојаџи од ЈУ НП Галичица.Годинава планираме да ослободуваме единки од репродуктивниот центар во дивина. Се надеваме...

Continue reading

Георгиески ќе му предложи на советот постапките за легализација да продолжат со изземање на градбите во НП Галичица и крајбрежјето

Post Views: 0 Ниту една предлог одлука за вклопување бесправно изгрaдени објекти во соодветните плански документации не гласале  охридските советници по завршување на мораториумот. Во Општина Охрид во постапка за легализација се барања за околу 11 500 објекти. Граѓаните надвор од заштитената зона и во руралните средини кои имаат објекти во постапка на легализација бараат процесот да продолжи. Градоначалникот Константин Георгиески смета дека во овој момент тоа може да биде проблематично. „Во услови кога во Извештајот на реактивната мисија на Унеско од нас се бара да прогласиме...

Continue reading

Финансирање на мали проекти важни за НП Галичица и локалното население меѓу бројните активности во планот за управување со паркот

Post Views: 0 Одржана јавна расправа по Нацрт Планот за управување со Национален парк Галичица 2021 – 2030 и Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина .Учесниците на расправата ги одобрија активностите предвидени во Планот за управување и извештајот за влијанието на животната средина, информира Константин Здравески, соработник од одделението за алтернативни активности и еколошка едукација при ЈУ НП Галичица. Во изготвениот нацрт план за управување со НП има 8 програми во кои се предвидени активности кои овозможуваат заштита на природниот биодиверзитет,...

Continue reading

Градоначалникот на општина Ресен го посети инфо центарот на НП „Галичица“

Post Views: 0 Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, придружуван од претставник од општината Ресен, ја посети Јавната установа Национален парк Галичица во просториите на инфо центарот во Охрид. Целта на посетата беше запознавање со вредностите на Националниот парк Галичица, административното работење, начинот на финансирање, како и можноста за соработка со Општина Ресен. Имено, во текот на претходната година беа воспоставени работните групи со цел апликација на проектот финансиран од Европската Унија кој заедно со Македонското Еколошко Друштво како лидер на...

Continue reading

Поставени информативни табли за едукативната патека „Галичица на дланка“

Post Views: 0 Деновиве беа поставени нови информативни табли со едукативни содржини, за едукативната патека „Галичица на дланка“. Станува збор за информативни табли со едукативни содржини за запознавање на посетителите со природните и културните вредности во нашиот парк. Од управата на паркот се надеваат дека оваа патека ќе биде почеток во откривањето на убавините во НП Галичица.

Continue reading

Националниот парк „Галичица“ набави еколошки куќарки изработени од дрво

Post Views: 0 Националниот парк „Галичица“ набави четири еколошки куќарки изработени од дрво. Јавната установа Национален парк Галичица согласно Финансовиот план и Планот за јавни набавки за 2020 година набави четири типски еколошки куќарки изработени од дрво кои во текот на следната година ќе бидат поставени на главните влезови во националниот парк.

Continue reading

Ренџерите од НП „Галичица“, активно вклучени во програмата за долгорочен мониторинг на биолошка разновидност

Post Views: 0 Во Национален Парк „Галичица“, ренџерската служба е активно вклучена во програмата за долгорочен мониторинг на биолошка разновидност. Ренџерите помагаат во теренските активности за проценка на состојбата на ендемските и клучни видови и живеалишта во паркот. Професијата ренџер е убава и благородна професија без која не може да се замисли ниту едно заштитено подрачје.Во Национален Парк „Галичица“ тие се грижат за благосостојбата на елените во Репродуктивниот центар на НП „Галичица“. Овој нивен ангажман како и пожртвуваност силно ќе придонесат во облагородување,...

Continue reading

Во Трпејца констатирани по една бесправна градба и узурпација на државно земјиште во Националниот парк Галичица

Post Views: 0 Една бесправна градба и една узурпација на државно земјиште во НП Галичица констатирале во 2020 службите од оваа Национална установа. Андон Бојаџи од НП, напоменува дека во рамките на паркот во континуитет се случуваат бесправни активности како што се изградба на објекти, но и на балкони или потпорни ѕидови. „Чуварите на НП прават записник за констатација дека на некоја парцела има градежни активности. Установата подготвува извештај со заклучоци и препораки. Поглемиот дел од извештаите ги правам јас и барам редовно институцијата да се обрати до Градежниот...

Continue reading

Казнето лицето кое беше идентификувано како растовара ѓубре во националниот парк Галичица

Post Views: 0 Изречена парична казна за лицето кое направи мини депонија растоварајќи го ѓубрето од својата викендичка на патот кон Велестово. Лицето беше фотографирано од случаен минувач кој го затекнал како се ослободува од домашниот отпад на недозволена локација во рамките на НП Галичица. Фотографиите беа доставени до ЈП „Охридски Комуналец“, а потоа и до општинскиот инспекторат и СВР Охрид. „Идентификувано е лицето кое го оставило шутот во НП Галичица.Направен е записник на лице место , записник со сторителот и е издадено решение и налог за глоба. Целосно е завршена...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top