Европските елени сe враќаат на планината Галичица

Станува се побројно стадото елени од репродуктивниот центар во Националниот парк „Галичица“. Оваа година единки ќе бидат пуштени во дивина по претходна селекција. Од ЈУ НП „Галичица“ планираат да постават набљудувачница за стадото елени да го доближат до посетителите на паркот.

 |  Валентина Неловска  | 

Европските елени стануваат украс на планината Галичица. Се зголемува нивниот број во репродуктивниот центар на ЈУ Национален парк „Галичица“. Популацијата на елени достигна бројност од преку 60 единки каде што се наоѓа првиот репродуктивен центар во Националниот парк на локалитетот „Косто бачило“. Во 2018 година беа донесени 30 елени, од кои 6 беа мажјаци и 24 женски елени, а стадото успешно се прилагоди и постојано се зголемува, информира Андон Бојаџи од ЈУ НП Галичица.

Годинава планираме да ослободуваме единки од репродуктивниот центар во дивина. Се надеваме дека за 10-тина години со континуирана поддршка на стадото во репродуктивниот центар и пуштањето на единките во дивина ќе добиеме самоодржлива популација на Европски елен – истакна Бојаџи.

Оваа година најсилните единки ќе бидат пуштени во дивина. Претходно ќе се изврши нивна селекција. Од ЈУ НП Галичица имаат во план стадото од Европски елени да го доближат до љубителите на природата и посетителите на паркот за да го набљудуваат. Елените стануваат се попитоми во присуство на чуварите од паркот кои се грижат за нив. 

Елените се адаптираа на човечкото присуство. Тоа не радува и најверојатно ќе ја постигнеме и споредната цел која ја имавме да се зголеми атрактивноста на паркот. Во 2022 година, по завршување на пандемијата, најверојатно, ако има туристи ќе можеме да поставиме набљудувачница за посетителите за да може да го гледаат стадото елени – вели Бојаџи.

Женките на Европскиот елен се автохтон вид и се разликуваат од срните. Меѓудругото, меѓусебно се разликуваат по големината. Женките на Европскиот елен се покрупни додека срните се поситни по големина.

Камерите поставени околу репродуктивниот центар регистрирале само едно угинување на мажјак кој не се аклиматизирал на средината во првата година од формирање на овој центар во НУ НП „Галичица“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top