Ознака: Галичица

Последни подготовки за велосипедската тура Тур де Галичица

Post Views: 9 Скоро се е подготвено за големата велосипедската тура Тур де Галичица 2016та. Оваа исцрпувачка и авантуристичка тура за велосипедисти која се вози по падините на Галичица, од ресенска страна е исклучително тешка и не се препорачува за почетници. На главниот настан, односно велосипедската тура му претходи забавен дел со кампување, музика и диџеи, логорски огнови и дружба. „На 19ти почнува турата од 9 часот, стартот е од плоштадот во Ресен, кај јаболково што си велиме ние по наше. турата е обележана некаде 85 %, пак има уште некои ситници да се поминат ама тие не се проблем,...

Continue reading

Во инфо центарот на НП Галичица мал е бројот на посетители

Post Views: 1 Слаба е посетеноста на Инфо центарот кој постои во рамките на НУ НП Галичица. Прекрасно уредениот простор за едукација и за купување сувенири не е доволно искористен. Идејата за неговото постоење е да се подигнува јавната свест за еколошките вредности кои ги има овој национален парк, напоменува Андон Бојаџи од НУ НП Галичица. Од десетината општински училиша во Охридско и од регионот досега нема интерес за едукативни посети, напоменува Бојаџи. „Досега немало организирани посети. Тоа најчесто биле случајни и не биле системски. Тоа се должи и на слабиот персонален капацитет...

Continue reading

Планинската Спасителна Служба интервенираше на Галичица

Post Views: 0 На Галичица, на превојот „Баба“, викендов заглави возило со двајца патници. Авантурата на овие вљубеници во природата можеше да заврши фатално, но за среќа екипа од Планинската Спасителна Служба интервенираше па возилото беше извлечено од снежните наноси.Патниот правец преку планината Галичица не е безбеден во ниту еден сегмент за користење во зимски услови, особено ако имаме во предвид дека редовно има бројни одрони во текот на зимскиот периоа, ана многу места има и замрзната подлога и патот треба да е целосно забранет во вакви услови, вели Антонио Додевски, Спасителна...

Continue reading

Атрактивниот локалитет Корита на Галичица и оваа зима е без посетители

Post Views: 1  И оваа сезона изостана зимското одржување на патот кој води низ НП Галичица до Преспа. Атрактивниот локалитет Корита на Галичица, кој е на 9 км од главниот пат, и оваа зима остана празен без посетители. Регионалниот пат од трета категорија е запоставен и нема зимско одржување за кое е задолжено ЈП Државни патишта. Со години останува забрана за одвивање на сообраќај во зимски услови, а патниот правец е мошне значаен за националиот парк, вели Андон Бојаџи од НП Галичица. „Ние побаравме од ЈП Државни патишта да се одржува патниот правец , да интервенираат. Главно се два...

Continue reading

НУ НП Галичица нема повеќе да продава огревно дрво од сеча на шумата

Post Views: 3 Националниот парк Галичица, конечно,  ја напушта доскорешната пракса на самофинансирање од продажба на огревно дрво од сеча на шума. Сега се свртуваат кон обезбедување на средства од туристички активности. Со тоа НП Галичица почна да го следи управувањето со природните ресури на национални паркови во западно европските земји, информира Андон Бојаџи од НП Галичица. „Во 2020 нема да има огревно дрво за продажба. Сите кои во минатото се снабдуваа со огревно дрво од ЈУ НП Галичица ќе треба да се обратат во Македонски шуми, шумско стопанство Галичица“, укажува Бојаџи. Во...

Continue reading

Пристигнаа првите елени на Галичица

Post Views: 0 Националниот Парк Галичица е во завршна фаза на реализацијата на проект за враќање на елените на Галичица. Новиот репродуктивен центар, со големина од осумдесетина хектари оваа зима ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци) и за таа намена е опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници. Проектот, вреден 340.000 евра, траеше 12 месеци и е дел од поголем проект за подобрување со управувањето на Националниот парк Галичица преку заштита, конзервација на биолошката разновидност и спроведување на мониторинг. Финансиран е...

Continue reading

Потпишан нов договор за грант меѓу ЈУ Национален Парк Галичица и Фонд за природа Преспа – Охрид (ПОНТ)

Post Views: 9 Минатогодишната соработка меѓу Јавната установа Национален парк Галичица и Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ) продолжува. Имено, во согласност со мисијата и визијата на Фондот, а и со аплицирањето од страна на ЈУНП Галичица на повикот за финансиска поддршка, на 16 декември 2019 година беше потпишан Договор со кој Фондот ќе финансира дел од трошоците за тековното работење на ЈУНП Галичица, во висина од 178.000,00 евра за 2020 година. Ова претставува иновативен пристап во финансирањето и работењето на заштитените подрачја, за што ПОНТ минатата година беше избран како...

Continue reading

Македонија пат и ова година стави забрана за користење на патниот правец кој води низ Галичица

Post Views: 8 Охрид се поинтересна дестинација за сите оние кои ги сакаат алтернативните форми на туризам, планинарењето и зимските спортови. Галичица привлечна и за домашните и за странските посетители, но тешко пристапна. И оваа година како и децении наназад Македонија пат стави забрана за користење до 1ви април на патниот правец кој води низ Галичица од ресенското село Царина до Трпејца. По се изгледа ова е најлесниот начин за решавање на проблемот бидејќи патот е руиниран и опасен за користење и тоа не само на зима туку и во летните месеци. Наместо државата сите овие изминати...

Continue reading

НП Галичица ги промовираше новата веб страна и мобилна апликација за посетителите

Post Views: 2 НП Галичица ги следи светските примери во управувањето со природните ресурси. Од прогласувањето пред 6 децении до денес националниот парк се трансформира и ги менува активностите во користење на природните ресурси на планината. Денес, во рамките на одбележување на јубилејот беа промовирани нова веб страна и мобилна апликација. Посетителите ќе добиваат повеќе информации и слики со што ќе им стануваат подостапни убавините на псркот, кажа Васко Паскали, директор на НУ НП Галичица. „Се повеќе се имплетираат туристичките активности за разлика од порано кога паркот се самофинансираше...

Continue reading

ПОВЕЌЕ ОД ШЕСТ ДЕЦЕНИИ НАЦИОНАЛЕН ПАРК „ГАЛИЧИЦА“

Post Views: 4 Утре во Инфо центарот на ЈУ Национален парк Галичица во Охрид ќе се одбележи годишнината од прогласувањето на националниот парк. Во 1958 година овој регион е прогласен е прогласен за национален парк „Галичица“ со цел да се зачува растителниот и животинскиот свет и природниот изглед на планината Галичица. Околу 2/3 од Паркот е вклучен во границите на Светското природно и културно наследство на охридскиот регион, впишано на листата на Светско културно и природно наследство на УНЕСКО. Во текот на оваа година, ЈУНП „Галичица“ продолжи со трансформацијата на своето работење,...

Continue reading

Treck me организираа промотивна рекреaтивна тура низ Галичица

Post Views: 4    Четириесетина љубители на природата два часа беа дел од промотивнатa пешачка тура на атрактивната патека која води низ НП Галичица. Маја Чубриќ и Душица Матова, локални партнери од Treck me ја промовираа живописната, рекреaтивна тура која се протега над Охридското езеро во дoлжина од 9 км. „ Турата почнува од селото Велестово води кон Шипокно, па кон Горно Коњско. Вообичаено место за одмор е добро позната тераса „Утарна “ од Горно Коњско која нуди домашна, традиционално подготвена храна. Имаме мала пауза и продолжуваме кон селата Шипокно и Велестово и на крај денот...

Continue reading

Непрооден патот преку Галичица

Post Views: 1 Поради снежен намет, патот преку Галичица е непрооден, информираа попладнево од Националниот парк „Галичица“. На одлуката за затворање на овој патен правец реагираа планинарите и љубителите на природата од Охрид и регионот, туристите, но и општините Ресен и Охрид, потенцираат од Националниот парк „Галичица“. Инаку, од утринава вистинска снежна идила се повисоките планински места низ цела Македонија. Снег има и на Маврово, Попова Шапка, Ниже Поле, Пониква, Крушево, а и на планинските превои Стража, Плетвар, Буково.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top