• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Финансирање на мали проекти важни за НП Галичица и локалното население меѓу бројните активности во планот за управување со паркот

Финансирање на мали проекти важни за НП Галичица и локалното население меѓу бројните активности во планот за управување со паркот

На јавна расправа се одобрени активностите предвидени во Планот  за управување  со Национален парк Галичица за перидот 2021 – 2030. Без забелешки поминал и Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина.  Во  Програмите за управување со паркот се предвидени активности  кои овозможуваат заштита на природниот и културниот  биодиверзитет,  локален развој и  одржлив туризам. За двата документи граѓаните можат да доставуваат забелешки по писмен пат до крајот на месецов.

 |  Валентина Неловска  | 

Одржана јавна расправа по Нацрт Планот за управување со Национален парк Галичица 2021 – 2030 и Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина .
Учесниците на расправата ги одобрија активностите предвидени во Планот за управување и извештајот за влијанието на животната средина, информира Константин Здравески, соработник од одделението за алтернативни активности и еколошка едукација при ЈУ НП Галичица. Во изготвениот нацрт план за управување со НП има 8 програми во кои се предвидени активности кои овозможуваат заштита на природниот биодиверзитет, но и локален развој и развој на одржлив туризам во рамките на паркот. Од следната година, во планот е превидена логистичка и финансиска поддршка на мали проекти важни за НП и за локалното население и локалниот бизнис. За таа цел ќе се изработи правилник за кои проекти ќе бидат поддржани во режимот на зонирање на паркот.

„Проектите би биле за развој на одржливо земјоделие во рамките на паркот, со што би се финансирало, зборувам под претпоставка, подготовка на место каде што би се одгледувал охридски чај во вештачки услови, развој и имплементација на проекти за тренинг на туристички водичи кои би придонесле за правилно презентирање на природните и културните знаменитости на паркот, регионални активности како што се реконструкција на селска чешма. Активности кои се од интерес на 18те населени места во паркот“.

Во програмата за локален развој се предвидени многу заеднички активности кои се однесуваат како на заштитата на природните и културните вредности и економски развој на регионот и остварување на економски бенефит за сите. Во таа насока е предвидена соработка на паркот со хотелите и бизнис заедницата во делот на економска едукација, подигање на јавната свест и информирање за заштита на природата и правилниот однос на посетителите во НП.

Преку активностите кои ги предвидовме за одржување на туристичката инфраструктура, пр. Корита и Јадера и системот на патеки в долж НП од околу 250 км, се смета на соработка со хотелите, туристичките агенции, станоиздавачите од мал обем кои се во НП да се допринесе за збогатување на туристичката понуда и зголемување на задоволството на туристите од друга страна“.

Од ЈУ НП Галичица се задоволни од заклучоците донесени на јавната расправа која се одржа за Нацрт Планот за управување со Национален парк Галичица 2021 – 2030 и Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена за влијанието врз животната средина 2021 – 2030, на која учествувале 67 претставници од Нво, инстутиции, образвони институции и индивидуалци. Документите се јавно достапни на веб страната на НП Галичица а граѓаните можат да доставуваат забелешки по писмен пат до крајот на месецов.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top