Ознака: Галичица

Подигната забраната за контролирано движење во националниот парк Галичица

Post Views: 0 Се отповикува одлуката за воведување на „Контролирано движење“ во шумскиот појас на паркот која беше воведена на 09.08 2019 година во согласност со член 57, став 3, од Законот за шуми, со кој се уредува контролираното движете во шумските појаси при зголемена опасност од појава на пожари. Со тоа: – Сите посетитители можат да се движат во границите на паркот без барање за дозвола за “Контролирано движење“.– Се активираат активностите во паркот кои заради оваа одлука беа одложени: маркирање во приватен имот, сеча на приватни лица во државна шума и други активности...

Continue reading

Започна изградбата на репродуктивниот центар за елени на Галичица

Post Views: 0 Во Националниот Парк Галичица почна изградбата на репродуктивниот центар за елени. Центарот со големина од стоттина хектари ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци), а ќе биде опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници. Проектот, вреден 340.000 евра, е дел од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”, вредна 4,3 милиони евра, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање. Националниот...

Continue reading

Наскоро Јавната установа Национален парк Галичица ќе добие репродуктивен центар за елени и арбореум

Post Views: 2 Деновиве во просториите на Јавната установа Национален парк Галичица, беше организиран работен состанок меѓу Раководителот насекторот за соработка на Делегацијата на Европската унија во Македонија,Никола Бертолини, преставници од УНДП и раководството на Јавната установа Национален парк Галичица. На состанокот учествуваа и претставници на Програмата за развој на Обединетите нации. Целта на посетата беше запознавање со напредокот во спроведувањето на Проектот: „Подобрување на ефективноста во заштитата и управувањето со Националниот парк Галичица”, кој е дел од Програмата:...

Continue reading

ohrid-resen

Сезонско затворање на патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица

Post Views: 10 Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица –Р-504 подолги години во зима е затворен за сообраќај, велат од АМСМ. Од пред неколку зимски сезони, дозволено е движење на возила само до излетничкиот комплекс Корита во должина од девет километри. Патниот правец кој преку Галичица води до Отешево е многу опасен, не само во зима, туку и во летниот период.– Не само во зимски услови, туку и при редовното одржување се соочуваме со низа проблеми зашто се работи за планински масив и регионален пат кој е непријатен. Во секое време има одрони, но и други проблеми кои можат...

Continue reading

Во НП Галичица има бесправна сеча на шума на две локации

Post Views: 5 Бесправна сеча на шумата во НП Галичица има на две локации. Едната е в долж граничната линија со Република Албанија која се должи на одлуката на двете земји да не поставуваат строга контрола на бесправната сеча, а втората е во атарот на село Велгошти, информираат од НП Галичица. „ Имаше многу пати обиди од установата и други органи на државата , од МВР да се спречи бесправната сеча. Засега се безуспешни има бесправна сеча. Бесправната сеча е дел во атарот на НП Галичица, шумското стопанство Галичица како и шумското претпријатие Преспа – дрво од Ресен,“, вели Андон...

Continue reading

Во НП „Галичица“ се изградени над 1000 нелегални викенд куќи

Post Views: 4 Урбанизацијата е најголема закана за уникатните природни вредности на националниот парк Галичица и за статусот на градот под заштита на Унеско, тврдат од Галичица. Закана за природните убавини доаѓа од изградбата на нелегални викенд куќи на целата територија на паркот иако се сметаше дека на удар заштитеното подрачје е од бесправната сеча на шума, информира Андон Бојаџи од НП Галичица. „ Ви тврдам дека поголема закана за природните вредности за паркот е урбанизацијата отколку бесправната сеча. Во сите случаи кога имало бесправна градба и узурпација на државниот имот...

Continue reading

Потпишан договор за финансирање помеѓу НУ НП „ Галичица“ и Фондот за природа Преспа – Охрид

Post Views: 0 Потпишан договор за финансирање помеѓу НУ НП „ Галичица“ и Фондот за природа Преспа – Охрид. Договорот во висина од 147.000 евра ќе се однесува на финансирање на тековното работење на НП Галичица при управувањето со заштитеното подрачје. Соработката со Понт е резултат на позитивно работење на установата, стратегијата и визијата според кои се раководеше НП Галичица , напомена Васко Паскали , директор на НП Галичица при потпишувањето на договорот. „ Овој договор е од огромно значање за ЈУ НП Галичица. Потврда дека се движиме по прав пат и нашите позитивни резултати некој...

Continue reading

Потпишување на Договор за грант меѓу ЈУ Национален Парк Галичица и Фонд за природа Преспа – Охрид (ПОНТ)

Post Views: 1 После неколку месечните преговори и аплицирањето од страна на ЈУНП Галичица на повикот за финансиска поддршка објавен од Фондот за природа Преспа – Охрид (ПОНТ), во четврток на 24.01.2019, ќе биде потпишан Договор со кој Фондот ќе финансира дел од трошоците за тековното работење на ЈУНП Галичица, во висина од 150.000,00 евра за 2019 година. Ова претставува иновативен пристап во финансирањето и работењето на заштитените подрачја, за што ПОНТ неодамна беше избран како победник на наградата Pathfinder за 2018 година која се доделува за извонредни и инвентивни решенија за...

Continue reading

galicica

Гушкање на Галичица

Post Views: 3 Црвен крст Охрид и Здржението за велосипедизам, планинарење и еко култура З’Ш ги покануваат охриѓани на „ГУШКАЊЕ НА ГАЛИЧИЦА“, еднодневна планинарска тура на планината Галичица, која се организира во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести (29 фебруари), а како поддршка на  интернационалната кампања под мотото ПРЕГРНИ ЈА РЕТКОСТА! ПРЕГРНИ ЗА ГИНИС! Со овој настан, во името на сите лица со ретки болести, кои во потрага по лек пропуштиле многу прегратки и насмевки, сакаме да ја подигнеме свеста во јавноста за предизвиците со кои се соочуваат луѓето со...

Continue reading

Вработените од НП Галичица бараат д асе преиспита одлуката за смена на директорот Бојаџи

Post Views: 3 Со собир вработените од НП Галичица утрово го искажаа своето незадоволство од смената на Андон Бојаџи досегашниот в.д директор на установата. Решиле да излезат на мирен протест веднаш штом ја дознале веста од некои медиуми. Во текот на денот добија и официјална потврда за смената на Бојаџи. Бараат да се преиспита одлуката за смена на успешен вршител на должност кој успеал во изминатите месеци да го донесе паркот на ниво на вистинските европски паркови, порача Номче Новески од името на вработените во НУ НП Галичица. „ Да се смени човек кој за многу кратко време го обезбеди...

Continue reading

ПОНТ финансиски на долг рок ќе го помага управувањето на НП Галичица

Post Views: 4 Националните паркови Галичица, Пелистер, Преспанско езеро и националниот парк Преспа кој ги опфаќа деловите во Македонија, Албанија и Грција ќе добиваат финансиска поддршка од Фондот за доверба Понт. Понт е добитник на наградата Pathfinder зa 2018 година меѓу 200 кандидати од целиот свет. Наградата се доделува за инвентивни решенија во заштитените подрачја. Фондот за природата Преспа- Охрид ја поддржува меѓугранична заштита на природата во екорегионот Преспа – Охрид кој ги опфаќа делови од Македонија, Албанија и Грција и вклучува 6 региони, напоменува Мирјам де...

Continue reading

ЕКИПИ НА „НИСКОГРАДБА“ СО АКТИВНОСТИ НА УЛИЦИТЕ „СПАС БАНЏОВ“ И „ГАЛИЧИЦА“

Post Views: 0 Во рамки на предвидените активности за работа, надлежните  служби  за одржување на канализационата и атмосферска  мрежа  при ЈП  „Нискоградба“ денеска започнаа со чистење  и профилактика на цевководи и шахти  на ул. „Спас Банџов“. Екипи на ЈП „Нискоградба“  изведуваат  градежни активности на улица „Галичица“. Просторно се уредува  површина со бехатонска подлога   од 300 м2 . Изведбата ќе придонесе за уредување на дел од урбаната заедница како  и подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните на тој дел од Охрид.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top