Ознака: бидат

partizanska

Од понеделник ќе се реконструира дрворедот на ул.„Партизанска

Post Views: 11 Ј.П.”Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека од понеделник-19.05.2014 год. започнува со реконструкција на дрворедот по ул. „Партзанска“. Постоечките дрвја на оваа улица ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигуструм. Искуството со дрворедот по ул.,,Димитар Влахов,, покажа дека овие дрвја кои имаат декоративен изглед се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длобок корен. Заради тоа упатуваме барање и апел до граѓаните да не ги паркираат своите возила на ул ,,Партизанска,, во времетраење од 06.00час-12.00час...

Continue reading

bilbordi

Ќе се издаваат локации за билборди во Охрид

Post Views: 1 Хаосот со рекламирањето на јавните површини Локалната самоуправа на Охрид ќе го решава со унифициран изглед на билбордите. Ова го најавија од локалната пред два дена, а целта е градот да добие поубав и помодерен изглед. До крајов на месецов пак, се очекува да биде завршена тендерската постапка за доделување на локации за поставување рекламни паноа, билборди. Почетната цена ќе биде утврдена утре со одлука на Совет, а локациите ќе бидат издадени за период од 4 години. Од ова може да се заклучи дека унифицирани билборди на охридските улици нема да видиме наредните 4 години....

Continue reading

параглајдер

Параглајдеристите бараат изземање од ценовникот на НП Галичица

Post Views: 10 Лавина реакции предизвикаа цените кои НП Галичица ќе ги наплаќа од 1 јуни. Љубителите на природата испраќаат остри критики на адреса на паркот. Има најразлични коментари од кои заедничка констатaција е  дека  високите цени го загрозуваат рекреативниот туризам.  Засегнати од ценовникот се најдоа и параглајдеристите. „ Параглајдеристите од каде што ќе летаат ќе плаќаат 300 денари за 30 минути , а  цена за дневно полетување е 1000 денари. Со овие цени ќе почне наплатата“, ги најави новините  Огнен Достиноски од НП Галичица. Мендо Велјаноски, македонски светски првак во...

Continue reading

дипломци

Дипломира првата генерација на Универзитетот „ Свети Апостол Павле“

Post Views: 8   Триесеттина студенти од првата генерација дипломци при Универзитетот за информатички науки и технологии „ Свети Апостол Павле“, денес ги доби своите дипломи. Ректорот на универзитетот Проф. Д-р Нинослав Марина рече дека е среќен што заврши оваа прва генерација и додаде дека тие ќе бидат квалитетен кадар бидејќи ова е единствениот универзитет во регионот кој дава образование на англиски јазик, а воедно е специјализиран за информатички науки и технологии. Фактот што на „Св. Апостол Павле“ доаѓаат да предаваат професори од познати високообразовни институции од светот...

Continue reading

logo

Излезе првата генерација дипломци од УИНТ „СВ.Апостол Павле“

Post Views: 2 Во понеделник , 12- ти мај, со почеток во 12 часот, во Универзитетот за информатички науки и технологии „ Свети Апостол Павле“, свечено ќе им бидат доделени дипломите на студентите од првата генерација од учебната 2009/2010 година. Дипломите ќе ги додели ректорот на универзитетот професор д- р Нинослав Марина. {loadposition content9}

Continue reading

gucci summer

Дали вашата врска ќе го преживее летото?!

Post Views: 6 Летото е сезона на годишни одмори, но и “сезона” во која се случуваат најмногу флертувања и изневерувања. Убавото време и високите температури можат да бидат голем предизвик за многу врски, па некои парови есента не ја дочекуваат заедно. По три години испитувања во кое учествувале 4.500 испитанци, научниците од медицинскиот факултет во Лондон заклучуваат дека луѓето во лето често се опуштаат на изневерувања. За време на летните месеци, нешто повеќе од 20% од испитаниците биле изневерени од своите партнери, а друи 68% од нив признале дека на лето интензивно...

Continue reading

oro

Со најдолгото македонско оро до Гинисов рекорд

Post Views: 0 Со најдолгото македонско  оро до Гинисов рекорд Се прават завршните подготовки за влез во Гинис со најдолгото македонско оро. На 10 мај, ќе се игра 8 минути оро во должина од 18,5 км и  ќе почне  од Струга од мостот, а ќе се вие до Горица Охрид, по стариот пат.  Со оваа манифестација Македонија ќе се обиде да го сруши досегашниот Гинисов рекорд кој го држат Кинезите со 17.200 учесници. Досега за учество во манифестацијата се пријавиле околу 18.200 учесници , а пријавувањето ќе биде затворено в четврток. Орото ќе може да го играат само пријавените лица кои ќе имаат идентификациски...

Continue reading

ezero

Убавините на планетата Земја на фотографија

Post Views: 16 Планетата Земја и нејзините убавини инспирација за професионалните но и за фотографите аматери. Од 01.05 2014 до 31.05 2014 ќе се одржи натпревар за избор на најдобра фотографија како дел од проектот Вики ја сака Земјата. Овој натпревар на фотографии е организиран од Википедија за спомениците на природата и заштитените природни подрачја. Учесниците на натпреварот ќе имаат за цел да направат фотографии од природни паркови, природни резервати и споменици. По завршувањето на натпреварот ќе бидат доделени награди во две категории: за најдобра фотографија и за најдобар придонесувач....

Continue reading

ozboruvacki

Ослабе?! Молчи си!

Post Views: 0 Мажите позитивно ќе гледаат на жената која успешно ослабела, бидејќи освен што добро изгледа, таа делува и попристапно, додека жените ќе ја доживеат како конкуренција. Дури и откако жената ќе ослабе, другите припаднички на женскиот пол и понатака ќе ја гледаат “од високо”, покажало истражувањето на Универзитетот Ливерпул. Истовремено, додека жените кон неа нема да бидат премногу пријателски настроени поради новата “конкуренција” која ја претставува, мажите ќе бидат позаинтересирани бидејќи мислат дека имаат поголеми шанси кај неа. Силниот натпреварувачки...

Continue reading

pateka

Охриѓани ќе се рекреираат на современа пешачка патека

Post Views: 1   Ќе се прави современа пешачка рекреативна патека на потегот од мостот кај каналот до почетокот на Парк. Таа ќе биде широка десет метри и ќе содржи две пешачки зони од по четири метри и уште две патеки од по страните  во широчина од по еден метар кои ќе се користат за велосипеди и ролери. Во средината ќе биде хортикултурно уредена со комунална инфраструктура и со современо осветлување. Патеката ќе биде долга 1390метри а ќе се реализира со средства од ИПА фондовите. Општина Охрид во заедничка соработка со општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун аплицирале со заеднички...

Continue reading

ftu

Отворен ден со матурантите на ФТУ-Охрид

Post Views: 2 Утре со почеток во 11 часот на Факултетот за туризам и угостителство ќе се одржи отворен ден за матурантите. Тие ќе имаат можност да ги посетат просториите на факултетот, да се запознаат со начинот на работа, со студиските програми кои можат да ги изберат, како и со лабораториите кои ги поседува факултетот и ги користи за едукативни цели. Факултетот има обезбедено промотивен материјал за сите заинтересирани идни студенти, како и дополнителни информации поврзани со студирањето. На отворениот ден матурантите ќе бидат пречекани од раководителите на студиските програми,...

Continue reading

tabla

Бесплатен паркинг за Велигден во Охрид

Post Views: 1 ЈП „Билјанини извори“ -Охрид по повог големиот христијански празник Велигден донесе одлука, на 20- ти април, недела, користењето на услугите на јавниот градски простор да бидат бесплатни за сите нејзини корисници. Од јавното претпријатие објаснуваат дека ваквата нивна одлука е обид  ова јавно претпријатие да се вклучи во чествувањето на големиот христијански празник и се надеваат дека ќе биде поздравена и од гостите и од охриѓани. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top