Дипломира првата генерација на Универзитетот „ Свети Апостол Павле“

Првата генерација дипломци при Универзитетот за информатички науки и технологии „ Свети Апостол Павле“, денес ги добија своите дипломи.

 |  Јаковлева Лионела  | 
дипломци
diplomci

 

Триесеттина студенти од првата генерација дипломци при Универзитетот за информатички науки и технологии „ Свети Апостол Павdiplomciле“, денес ги доби своите дипломи. Ректорот на универзитетот Проф. Д-р Нинослав Марина рече дека е среќен што заврши оваа прва генерација и додаде дека тие ќе бидат квалитетен кадар бидејќи ова е единствениот универзитет во регионот кој дава образование на англиски јазик, а воедно е специјализиран за информатички науки и технологии. Фактот што на „Св. Апостол Павле“ доаѓаат да предаваат професори од познати високообразовни институции од светот значи дека студентите се стекнуваат со квалитетни познавања, споредено со студентите од останатите универзитети, додаде Марина.

Верувам дека дипломираните студенти од „Св. Апостол Павле“ без поголеми проблеми ќе најдат работа не само во земјата, туку ќе бидат рамноправно конкурентни и на глобалниот пазар на труд, подвлече ректорот.

Марина рече дека дел од завршените студенти веќе се на успешни позиции на престижни европски универзитети или во компании од областа на информатичките технологии.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top