Убавините на планетата Земја на фотографија

Организиран е натпревар на фотографија од Википедија за спомениците на природата и заштитените природни подрачја. Учесниците на натпреварот ќе имаат за цел да направат фотографии од природни паркови, природни резервати и споменици. По завршувањето на натпреварот ќе бидат доделени парични награди.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ezero
езеро

Планетата Земја и нејзините убавини инспирација за професионалните но и за фотографите аматери. Од 01.05 2014 до 31.05 2014 ќе се одржи натпревар за избор на најдобра фотографија како дел од проектот Вики ја сака Земјата. Овој натпревар на фотографии е организиран од Википедија за спомениците на природата и заштитените природни подрачја. Учесниците на натпматкареварот ќе имаат за цел да направат фотографии од природни паркови, природни резервати и споменици. По завршувањето на натпреварот ќе бидат доделени награди во две категории: за најдобра фотографија и за најдобар придонесувач. Одлуката за тоа кои од учесниците во двете категории ќе бидат наградени, ќе биде донесена од страна на четиричлено стручно жири. Фотографиите што учествуваат во изборот за најдобра фотографија треба да исполнуваат одредени квалитативни барања како: резолуција, квалитет на бои, острина, перспектива, баланс и др. Петте најдобри фотографии ќе бидат наградени со следниве парични награди: прво место – 300 евра, второ место 200 евра, трето, четврто и петто место – 100 евра. Во категоријата за најдобар придонесувач ќе биде вреднуван трудот на учесниците преку следниве критериуми: вкупен број на подигнати фотографии и вкупен број на опфатени објекти и предмети. Најдобрите пет придонесувачи ќе добијат парична награда од 100 евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top