Ослабе?! Молчи си!

Мажите позитивно ќе гледаат на жената која успешно ослабела, бидејќи освен што добро изгледа, таа делува и попристапно, додека жените ќе ја доживеат како конкуренција.

 |  Маја Савиќ  | 
ozboruvacki
озборувачки

zosto se mrazat zenite megusebeМажите позитивно ќе гледаат на жената која успешно ослабела, бидејќи освен што добро изгледа, таа делува и попристапно, додека жените ќе ја доживеат како конкуренција.

Дури и откако жената ќе ослабе, другите припаднички на женскиот пол и понатака ќе ја гледаат “од високо”, покажало истражувањето на Универзитетот Ливерпул.

Истовремено, додека жените кон неа нема да бидат премногу пријателски настроени поради новата “конкуренција” која ја претставува, мажите ќе бидат позаинтересирани бидејќи мислат дека имаат поголеми шанси кај неа.

Силниот натпреварувачки дух кој владее меѓу жените кога станува збор за физичката привлечност, често е причината поради која тие бараат дополнителни фактори за да не им се допаѓа “ривалката”, па така нејзината некогашна дебелина претставува совршено “алиби” за тоа, објаснуваат истражувачите.
loshi ozboruvacki
“Жената која успешно ослабела се доживува како закана, а резултатите од ова истражување водат до логични прашања кои се појавуваат меѓу кои е и следново:

Дали е паметно, жената која претходно имала проблеми со тежината да го признае тој факт на потенцијалниот партнер, колегите или другите луѓе кои не ја познаваат од тој период”, вели психологот Џејсон Халфорд.

Тој мисли дека причината поради кој овој податок би ги заинтересирал мажите е тоа што тие ваквата жена која имала проблем со тежината се смета за попристапна и пријателски настроена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top