Јун 22, 2016

Полицијата сепак интервенирала на трибините со хрватски навивачи

Пред натпреварот помеѓу Хрватска и Шпанија на Еуро2016 постоеа одредени стравувања дека одредени хулигани на хрватските навивачи ќе ги повторат инцидентите од натпреварот со Чешка. Многу хрватски, но и портали од Европа пишуваа дека на средбата со Шпанија хрватските хулигани ќе се обидат да го прекинат натпреварот, па дури и дека ќе упаднат на теренот за да го нападнат судијата, меѓутоа за среќа ништо од тоа не се случи. Француската полиција овој пат сериозно ги сфати предупредувањата на хрватските колеги и беше далеку поспремна за можните проблеми. Претресите на влезот на стадионот биле п…

Јун 19, 2016

Познати се сите полуфиналисти на Копа Америка

Фудбалерите на Аргентина и Чиле се полуфиналисти на Копа Америка и се придружија на САД и Колумбија кои тоа го направија претходно. Аргентинците славеа со 4-1 против Венецуела, додека Чиле го изрешета голот на Мексико и победи со 7-0. Стрелци за Аргентина беа Игуаин (8,28), Меси (60) и Ламела (71), додека единствениот гол за Венецуела го постигна Рондон (70). Меси со својот погодок го изедначи рекордот на легендарниот Габриел Батистута кој во репрезентативниот дрес постигна 54 гола. Само уште еден гол му недостасува на Меси да биде најдобар стрелец на Аргентина во историјата. Во вториот н…

Јун 15, 2016

Камп на Ракометната академија „Металург“

Ракометната академија „Металург“во Охрид ќе го организира својот 11-ти ракометен камп, со кој традиционално секоја година ги заокружува тренирањето, натпреварувањето во ракометната мини-лига. Околу 350 деца од школите во Скопје и Македонија, во текот на целото лето ќе тренираат на летниот камп во Охрид. Директор на академијата е Тони Ристески. Тренинзите ќе бидат во две смени, од денес до 21 јуни и од 21 јуни до 27-ми јуни. Тренинзите ќе се реализираат на спортските терени покрај брегот на езерото, а натпреварувачкиот дел ќе се одвива во спортската сала „Билјанини извори“ и во салата на …

Јун 14, 2016

Шокантни тврдења на поранешниот претседател на ФИФА

Човекот, кој е протеран од фудбалот поради корупција и е сменет од местото претседател на ФИФА, излезе со шокантни изјави и обвинанија на сметка на УЕФА. Сеп Блатер за аргентинскиот весник La Nacion изјави дека бил присутен на ждрепка или ждрепки кои биле наместени. Тој тврди дека такво нешто никогаш немало во ФИФА туку само во УЕФА, но не прецизира дали се работи за групи на ЕУРО, квалификации или пак Лига на шампиони. Аргентинскиот новинар до вакви изјави и обвиненија дошол со прашањето дали Аргентина имала наместена ждрепка на Светското првенство во Бразил кога во групати ги доби БиХ, И…

Јун 13, 2016

Скандалозна разделба на Бразил со Копа Америка

На скандалозен начин, по втор пат во својата историја, Бразил е елиминиран во групната фаза на натпреварувањето на Копа Америка. Перу во одлучувачкиот натпревар за пласман во следната фаза по прв пат во 30 години славеше против Бразил со минимални 1-0, но голот на Раул Руидиаз е постигнат со рака. Се играше 75 минута од средбата и Перуанците комбинираа на десната страна. Енди Поло се проби во шеснаесетникот, центрираше полувисока топка, а Руидиаз со рака ја смести во голот. Ова сите го видоа освен судијата. Раката не беше ниту блиску до телото во моментот кога топката го удри во раката кој…

Јун 6, 2016

Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос и дојде до успех кој не е виден од 1969 година

До својот 12 Грен слем наслов во кариерата, а прв во Париз, дојде против Енди Мареј во повеќе од три часа игра и влезе во одбраното друштво на тениски легенди. Со триумфот на Ролан Гарос, Ѓоковиќ стана трет во историјата кој ги освоил сите четири наслови во низа , Вимблдон и УС Опен минатата година, а оваа Австралија Опен и Ролан Гарос. Ова досега им успеало само на Американецот Доналд Баџ (1938) и Австралиецот Род Лејвер (1969). “Ова што го постигна Новак е феноменално, тоа е така ретко”, рекол Енди Мареј по поразот во финалето. Мареј одлично го одигра првиот сет, но откако Британецот н…

Јун 4, 2016

Почина боксерската легенда Мохамед Али

Мохамед Али, еден од најдобрите спортисти на сите времиња, почина во болницата во Феникс, на 74 годишна возраст, каде ги помина последните два дена, изјавил за NBC портпаролот на фамилијата Bob Gunnell. Трикратниот светски првак во тешка категорија со години се бореше со Паркинсоновата болест која му беше дијагностицирана во 1984 година, три години откако се повлече од боксот. Болеста често се поврзуваше со трауми во главата, а состојбата на Али во последните години дополнително се влоши па појавувањето во јавноста го сведе на минимум. Али во кариерата имаше вкупно 61 професионален меч. …

Мај 31, 2016

Ролан Гарос дневно заработува 2,5 милиони евра

Навивачите на Ролан Гарос секој ден трошат во просек 2,5 милиони евра, а парискиот грен слем дневно го посетуваат околу 23.000 луѓе и секој од нив просечно троши околу 110 евра. Само за влезници за мечевите, на просечен посетител му се потребни 70 евра. Цената на билетите се од 10 до 220 евра со тоа што ниските цени важат само за дуелите на помалку атрактивни тенисери во првите фази на турнирот. Веќе од четвртфиналето цените на влезниците се троцифрени. Ланч пакетите со сендвич и пијалок се 10 евра, а половина литар вода чини 4 евра. Ниту десертите не се евтини, па така сладолед чини 10 …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top