Ролан Гарос дневно заработува 2,5 милиони евра

Ланч пакетите со сендвич и пијалок чинат 10 евра, а половина литар вода чини 4 евра

 |  инфодеск  | 

Навивачите на Ролан Гарос секој ден трошат во просек 2,5 милиони евра, а парискиот грен слем дневно го посетуваат околу 23.000 луѓе и секој од нив просечно троши околу 110 евра.

Само за влезници за мечевите, на просечен посетител му се потребни 70 евра. Цената на билетите се од 10 до 220 евра со тоа што ниските цени важат само за дуелите на помалку атрактивни тенисери во првите фази на турнирот. Веќе од четвртфиналето цените на влезниците се троцифрени.

Ланч пакетите со сендвич и пијалок се 10 евра, а половина литар вода чини 4 евра.

Ниту десертите не се евтини, па така сладолед чини 10 евра, а фамозните вафли или палачинки со нутела чинат 5 евра.

За тие кои ќе посакаат шампањ организаторите имаат одговор и на тоа, па така чаша шампањ од 1,2 dl чини 14 и 15 евра, а шише од 0,75 литри чини 85, односно 100 евра.

Тие што сакаат да купат сувенир ќе потрошат во просек 20 евра, а најевтиниот е 3 евра колку што чини обичниот маркер со кој ќе останете без него ако тенисерот по грешка ви го однесе додека дава автограми. Магнетите се по 8 евра, привезоците 6,7,10,15 и 25 евра, а чаша 18 евра.

Поконкретните подароци вредат право мало богатство. Најевтиниот пешкир е 35 евра, чадор со лого од Ролан Гарос е 65, цената на торбите се помеѓу 39 и 70 евра, а најевтината маичка е 23 евра, капче 24 и официјалното сако е неверојатни 250 евра.

Навивачите кои редовно ги посетуваат грен слемите велат дека Ролан Гарос е најскап, дури поскап и од Мелбурн.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top