Апр 5, 2016

Анастасија Мојсовска зачекори кон врвот на македонското стрелаштво

Младата пионерка Анастасија Мојсовска веќе зачекори кон врвот на македонското стрелаштво. Имено, таа се пласира на вицешампионската позиција со резултат од 166 круга, на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-национална програма што викендов се одржа во Скопје, а на кое учество зедоа околу 50-тина стрелци. И во екипна конкуренција пионерките на СК ,,Охрид,, во состав: Анастасија Мојсовска, Ивана Петреска и Јована Каланоска ја зазедоа  втората позиција со резултат од 415 кругови, за 6 помалку од првопласираната екипа на СК ,,Кавадарци“. Кај пионерите трето место во екипен пласман за еки…

Апр 5, 2016

Спортско едукативно дружење со граѓаните на Охрид

Асоцијацијата на Спортови СПОРТ ЗА СИТЕ- СИТЕ ЗА СПОРТ по повод интернационалните денови на спорт и здравје , 06. и 07. 04. 2016 година (среда и четврток) организира спортско едукативно дружење со граѓаните на Охрид на повеќе локации во градот. Согледувајќи ги дневно месечните активности на граѓаните на Охрид, нивното слободно време, желбата за дружење, желбата за спортско рекреативни активности, заклучивме дека повеќе од потреба е спортската рекреација, повеќе од потреба е дружењето и социјализирањето, здравјето и здравиот начин на живот. Нема посоодветен момент од деновите на спортот и …

Апр 2, 2016

Пред големото Ел Класико кој е подобар Роналдо или Меси?

Откако пристигна Кристијано Роналдо во 2009 во Реал Мадрид, ривалството на двајцата најдобри фудбалери на светот добија нова димензија, а бројките се најинтересни пред нивниот меѓусебен дуел. Секако тоа не е исклучок ниту вечерашниот Ел Класико кој започнува во 20.30 на Ноу Камп. Секако, во споредбите помеѓу Роналдо и Лионел Меси најмногу коментари има во шпанските медиуми. Во најавата на AS има статистика за Ел Класико од таа 2009 година и доаѓањето на Роналдо во Реал Мадрид. Португалецот и Аргентинецот од тогаш настапиле во вкупно 24 големи дербија (Примера, Куп на кралот и Лигата на шам…

Апр 1, 2016

Опасноста од тероризам е главна тема за претстоечкото Еуро2016

Никогаш во историјата на некое фудбалско натпреварување немало толкави безбедносни мерки како што ќе биде на следното Еуро во Франција. Тоа го потврди пријателскиот натпревар помеѓу Франција и Русија кој го обезбедуваа 4.000 полицајци и лица за безбедност. На секој 20-ти навивач имаше по еден припадник на обезбедувањето, а секој гледач на патот до своето седиште морал да помине четири контроли. Колкави беа мерките за безбедност најдобро потврдува фактот дека влезот на стадион бил отворен дури четири часа пред натпреварот. Мерките на натпреварите на Еуро2016 во Франција ќе бидат уште постр…

Мар 24, 2016

УЕФА ја “спасува” Лигата на шампиони

Не поминаа ниту два месеци од појавата на информацијата која го стресе европскиот фудбал, а се чини дека УЕФА спрема компромисен договор. Да потсетиме, англиските медиуми објавија дека во Лондон се случи таен состанок на најбогатите клубови на кој се расправало за основање на лига на богати, односно некаква “суперлига”. Сега од островото пристигнуваат нови информации и тоа не од таблоиди туку од угледниот Guardian кој тврди дека УЕФА попушта под притисокот на сопствениците на најбогатите клубови во Европа. Со падот на Мишел Платини, кој воведе можност прваците на други земји полесно да из…

Мар 20, 2016

Розберг со триумф, Ферари прокоцка победа на стартот на сезоната

Првата трка во новата сезона во Австралија ја одбележа тешката несреќа на Фернандо Алонсо, која заврши без последици за Шпанецот, и прокоцкувањето на победата на Ферари во која триуфира Нико Розберг пред Луис Хамилтон. Нико Розберг е победник на првата трка во новата Ф1 сезона во која Германецот славеше на Алберт Парк во Мелбурн. Розберг, возачот на Мерцедес, славеше на возбудливата трка во која неговиот клупски колега Луис Хамилтон по лошиот старт од прво падна на шестото место. Хамилтон на крајот заврши како втор пред Себастијан Фетел во Ферари кој го завзеде третото место пред Даниел Р…

Мар 11, 2016

Уште четири натпревари за РК Охрид 2013 пред историскиот плеј оф

Охридските гладијатори подготвени за првиот, историски настап во плеј офот на машката ракометна Супер лига. После интензивните зимски тренинзи и со само два одиграни пријателски натпревари, со почетокот на пролетниот дел од лигата, односно одигрувањето на четирите последни натпревари од регуларниот дел, тие ќе се обидат да влезат во потребниот играчки ритам за најзначајниот дел од првенството. Тренерот на РК Охрид 2013, Горан Андоноски вели дека моментално работат на комплетирање на екипата како би биле конкурентни на имиња како Вардар, Металург, Прилеп, Струмица и Работнички. “Единствен п…

Мар 8, 2016

Марија Шарапова брзо почувствува што значи допинг скандал

Руската тенисерка Марија Шарапова почна да ги чувствува последиците на својата објава дека на Австралија Опен била позитивна на допинг тестот. Само еден ден подоцна елитниот швајцарски производител на часовници TAG Heuer одлучи да не го продолжува милионскиот спонзорски договор со неа, а тоа го направи нешто претходно и Nike. “Марија Шарапова имаше договор со TAG Heuer до 31 декември 2015. Преговаравме за продолжување на соработката. Со оглед на сегашната ситуација, швајцарскиот производител на часовници ги прекина преговорите и одлучи да не го обнови договорот”, објави француската компани…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top