• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос и дојде до успех кој не е виден од 1969 година

Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос и дојде до успех кој не е виден од 1969 година

“Ова што го постигна Новак е феноменално, тоа е така ретко”

 |  инфодеск  | 

До својот 12 Грен слем наслов во кариерата, а прв во Париз, дојде против Енди Мареј во повеќе од три часа игра и влезе во одбраното друштво на тениски легенди.

Со триумфот на Ролан Гарос, Ѓоковиќ стана трет во историјата кој ги освоил сите четири наслови во низа , Вимблдон и УС Опен минатата година, а оваа Австралија Опен и Ролан Гарос. Ова досега им успеало само на Американецот Доналд Баџ (1938) и Австралиецот Род Лејвер (1969).

“Ова што го постигна Новак е феноменално, тоа е така ретко”, рекол Енди Мареј по поразот во финалето.

Мареј одлично го одигра првиот сет, но откако Британецот не искористи брејк-топка во првата половина на вториот, ситуацијата на теренот во потполност се сврти во корист на српскиот тенисер. Ѓоковиќ освои 17 од 22 гемови и со 6-1 во вториот,  6-2 во третиот сет и 5-2 во четвртиотдојде до сервирање за меч. Потоа изгуби еден од двата брејк предност, но кога сервираше по втор пат за освојување на турнирот тој тоа и го направи.

Ова беше 34 меѓусебна средба на Ѓоковиќ и Мареј и 24 победа на српскиот тенисер. Во финалиња на грен слем играле 7 пати, а сега меѓусебниот скор е 5-2 за Ѓоковиќ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top