Мај 23, 2016

Екипата на Игокеа, победник на премиерното издание на Меѓународниот кошаркарски турнир

Екипата на Игокеа, победник на премиерното издание на Меѓународниот кошаркарски турнир за јуниори кој викендов го организираше кошаркарскиот клуб АВ Охрид 2016, во спортската арена „Билјанини Извори“. Второто место го освоија јуниорите на Партизан од Белград, третото место и припадна на Слобода од Тузла, а четвртото на домаќинот АВ Охрид.На турнирот учествуваа и екипите на Работнички и МЗТ од Скопје и Црвена Звезда од Белград. ЈП Билјанини Извори, во соработка со Општина Охрид и КК АВ Охрид, уште еднаш покажа дека го оправдува приматот на најдобар домаќин на големи спортски настани, со вис…

Мај 20, 2016

Барселона не смее да користи каталонски знамиња во финалето на кралскиот куп

Барселона и Севиља финалето на кралскиот куп го играат во недела на стадионот Висенте Калдерон, а властите забранија на натпреварот да се истакнуваат провокативни симболи. Под тоа се мисли на жолто-црвеното знаме на Каталонија со ѕвезда, бела или црвена, позната како естелада. Гувернерката на Мадрид, Concepcion Dancausa на конференцијата за новинари изјавила: “фудбалот и стадионите не се полигони за политичка борба. Нема да дозволиме на стадионот да се внесат било какви знамиња, ниту други симболи кои се во спротивност со Уставот на Шпанија”. Од Ноу Камп реагирале веднаш кога ја чуле оваа…

Мај 19, 2016

Шпанците го “приватизираа” евро фудбалот

Со победата против Ливерпул во финалето на Лигата на Европа Севиља запечати уште една сезона во која Шпанците освојуваат сѐ. Имајќи во предвид дека Реал Мадрид и Атлетико Мадрид се среќаваат во финалето на Лигата на шампиони ќе се случи нешто што досега не се случило – три сезони по ред клубови од иста земја да ги освојуваат ЛШ и ЛЕ. Со триумфот на Севиља во Базел, Шпанија стана најтрофејна нација во 45 сезони на ова натпреварување со 10 освоени титули. Италијаните имааат 9, а Англичаните 7 титули во Лигатата на Европа, односно Уефа. Ако Ливерпул синоќа славеше би се изедначил со Севиља, …

Мај 15, 2016

Формула1 доби нов најмлад победник во својата историја

Победник за Големата награда на Шпанија е 18 годишниот Холанѓанец Макс Верстапен, голем талент кој со овој триумф стана најмладиот воач кој некогаш славел на трка во Формула 1. Петтата трка оваа сезона имаше спектакуларен старт – по неколку стотина метри се судрија Нико Розберг и Луис Хамилтон, двоецот од Мерцедес кој е и оваа година покажа дека е доминантен болид во Ф1. Тоа автоматски значеше дека победничката низа на Розберг е прекината. Кога од патеката се тргна безбедносното возило водечки беше Даниел Рикардо пред Верстапен, а зад возилата на Ред Бул се сместија Карлос Сајнц во Торо Р…

Окт 12, 2021
Ракомет

ТРАГЕДИЈА : Почина поранешната ракометна репрезентативка Јулија Николиќ

Вистински шок за македонската спортска јавност предизвика информацијата дека починала поранешната ракометна репрезентативка Јулијана Николиќ. Претходно позната по презимето Портјанко, натурализираната Македонка пристигна во редовите на Кометал Ѓорче Петров во 2003 година, а потоа ја прифати и понудата да настапува за нашата репрезентација. Последните натпревари за македонската репрезентација ги одигра во 2012 година.   По настапите за Кометал, од 2009 година Николиќ беше членка на неколку европски екипи, по што се врати во Македонија и го носеше дресот на ЖРК Вардар. Николиќ почи…

Мај 15, 2016

Апсолутна доминација на Барселона, Реал во длабока сенка

Кога во 2012 година си заминуваше Пеп Гвардиола, многумина предвидуваа дека тоа ќе биде крај на доминацијата на Барселона во шпанскиот, па и во европскиот фудбал. Но, реално тоа не се случи и покрај впечатокот дека тоа не е онаа Барселона од периодот со Пеп. Кога некој ќе освои 6 наслови првак во последните 8 години, тогаш доминацијата е збор кој навистина ја опишува состојбата. Четири шампионски титули во Европа во последните десет сезони, исто така, доволно говорат кој владее со европскиот фудбал бидејќи во тој период никој не станал барем два пати првак на Европа. Луис Енрике ја превзе…

Мај 14, 2016

Косово и Гибралтар се нови членки на ФИФА

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на конгресот во Мексико Сити ги прими Косово и Гибралтар како свои нови членки. Делегатите на конгресот во мексиканската престолнина со 141 глас за и 23 гласа против го примија Косово како 210 членка на ФИФА. На почетокот на мај тоа го направи и УЕФА што беше и услов ФИФА да го прими Косово како членка. “Косово се соочува со предизвици, тоа е очигледно. Потребни се нови инвестиции. Има многу финансиски предизвици и организацискиот капацитет е ограничен. Но, и покрај тоа, таму има очигледна љубов и страст кон фудбалот и голем потенцијал. Косово ги и…

Мај 9, 2016

Судот со одлука за конечен крај на Мишел Платини

Спортскиот арбитражен суд (CAS) објави дека ја намалил суспензијата за сите активности поврзани со фудбалот од шест на четири години за претседателот на Уефа, Мишел Платини, додавајќи дека првобитната одлука на Фифа била престрога, а истовремено Платини поднесе оставка на местото претседател на Европската фудбалска федерација. Французинот претходно објави дека поднел жалба на суспензијата која му ја додели Фифа и дека ќе поднесе оставка на функцијата ако жалбата успее. Денес по одлуката на CAS рекол дека поднесува оставка за да може да ја продолжи својата битка пред швајцарските судови. Ф…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top