Апсолутна доминација на Барселона, Реал во длабока сенка

Со одбраната на титулата Барселона потврди фрапанти бројки со доминацијата

 |  инфодеск  | 

Кога во 2012 година си заминуваше Пеп Гвардиола, многумина предвидуваа дека тоа ќе биде крај на доминацијата на Барселона во шпанскиот, па и во европскиот фудбал. Но, реално тоа не се случи и покрај впечатокот дека тоа не е онаа Барселона од периодот со Пеп.

Кога некој ќе освои 6 наслови првак во последните 8 години, тогаш доминацијата е збор кој навистина ја опишува состојбата. Четири шампионски титули во Европа во последните десет сезони, исто така, доволно говорат кој владее со европскиот фудбал бидејќи во тој период никој не станал барем два пати првак на Европа.

Луис Енрике ја превзеде Барселона во 2014 година на кого му предвидуваа сешто, не распад но, малкумина беа оние кои веруваа дека една година подоцна ќе освои сѐ – Лигата на шампиони, Примера и Купот на кралот. Титулата во Европа не е одбранета, но првенството да, а тука е и финалето во купот кој се игра следниот викенд.

Колку е голем успехот најдобро покажува силата на ривалите на Барселона. Реал и Атлетико само по еднаш ја прекинаа доминацијата, а посебно е голем насловот на Диего Симеоне со Атлетико од 2014 година. До тогаш се мислеше дека тој никогаш не може да биде првак на Шпанија покрај двата најголеми клуба.

Големиот Реал, десеткратен шампион на Европа кој во витрините има 32 титули на Шпанија успеа да ги поремети Каталонците во наведениот период дури во 2012 година со Жозе Мурињо на клупата. Во неговите три години само еднаш успеа да биде пред Гвардиола, а тоа за навивачите на Реал е премалку. Сопственикот на Реал беше на чело два мандата и во тие 13 години донесе, верувале или не, само три наслови шпански првак, а се сеќаваме дека рушеше рекорди во најскапи трансфери. Неверојатно е и тоа дека Кристијано Роналдо три пати беше официјален фудбалер на светот, а во седум години освои само еден наслов првак на Шпанија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top