Сеп 8, 2021

Загина рускиот министер за вонредни ситуации

Рускиот министер за вонредни ситуации, Евгениј Зиничев, загина за време на воена вежба. Несреќата се случила додека Зиничев, спасувајќи лице за време на меѓусекторска вежба во Дудинка, во Краснојарската област, паднал од карпа. Рускиот министер за вонредни ситуации, армискиот генерал Евгениј Зиничев е роден на 18 август 1966 година во Санкт Петерсбург. Дипломирал на Економскиот факултет и Факултетот за финансии и кредити на Институтот за бизнис и право во Санкт Петерсбург.Од 2006 до 2015 година, тој работеше во личното обезбедување на претседателот на Русија и се сметаше за доверлив чо…

Сеп 8, 2021

Папата Франциск испрати 15 000 сладоледи за затворениците во Рим

За време на едно од најжешките лета во италијанската историја, папата Франциск им испрати 15.000 сладоледи на затворениците во два римски затвори, објави Ватикан вчера, а пренесува „Телеграм“.Во соопштението се наведува дека сладоледите се испратени во два затвори, односно во „Регина коели“ на реката Тибар во центарот на градот и во затворот „Ребибиа“ кој се наоѓа во предградието на Рим. Во негово име, сладоледите ги достави еден од најмладите кардинали, 57-годишниот Конрад Краевски, задолжен за помош на сиромашните. Медиумите исто така потсетуваат дека Краевски од 2013 година по нало…

Сеп 8, 2021

Земјотрес од 7 степени по Рихтер го погоди Мексико

Најмалку едно лице загина во земјотресот со јачина од 7,1 степени кој го погоди Мексико. Епицентарот бил во близина на пристанишниот град Акапулко, а потресот бил почувствуван и во Мексико Сити, кој е оддалечен 370 километри од брегот. На Твитер беа објавени снимки од граѓани на Акапулко кои во паника трчаат по улиците.На социјалните мрежи се споделуваат и фотографии на кои се гледаат оштетувања на објектите. Делови од Мексико Сити и Акапулко останаа без електрична енергија, пренесува „Њујорк тајмс“. Системот за предупредување од цунами од САД издаде предупредување дека постои ризик за…

Сеп 7, 2021

Казни од 5.000 евра во Грција за лажен сертификат за вакцинација

Казни за работодавците во приватните здравствени центри во случај да имаат невакциниран вработен, но и казни за поседување или издавање лажен сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, предвидува амандманот од Министерството за здравство на Грција доставен во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.Секој кој ќе се обиде или ќе успее да добие сертификат за вакцинација, а не е вакциниран, или потврда за прележан Ковид-19, а не бил болен, како и за секој вработен, кој на било каков начин учествува во издавањето лажен сертификат за вакцинација, предвидена е пар…

Сеп 6, 2021

Половина милион вакцини пристигнаа во Косово

Во Косово попладнево пристигна пратката од 503.100 дози анти-ковид вакцини „Фајзер”, кои се донација од Соединетите Американски Држави во рамки на програмата КОВАКС, јави дописникот на МИА од Приштина.Министерството за здравство на Косово објави дека истовремено со американската донација, во земјата стасале и 53.820 дози вакцини, како дел од билатералниот договор на косовската Влада со производителот „Фајзер”.Со вакцините кои ги прими денеска и со оние со кои веќе располага, косовското МЗ очекува масовната вакцинација против Ковид-19 да се зајакне понатаму, со цел постигнување на це…

Сеп 6, 2021

Британски војници извршиле самоубиство по настаните во Авганистан

Некои британски ветерани од војната во Авганистан си го одзедоа животот, погодени и очајни поради хаотичното повлекување на силите предводени од САД и победата на талибанците, изјави денеска министерот за одбрана на Обединетото Кралство, Џејмс Хипи.Британија загуби 457 војници во Авганистан, односно околу 13 проценти од жртвите меѓу 3.500 сојузнички сили од 2001 година, потсетува „Ројтерс“. За жал, имаше војници кои служеа во Авганистан, вклучително и војници од мојата последна посета на Авганистан, кои минатата недела си го одземаа животот поради чувствата што им се јавија по последни…

Сеп 6, 2021

Влез во Албанија само за прележани од ковид, вакцинирани и со негативен ПЦР тест

Од денеска, во Албанија стапија во сила новите мерки против коронавирусот, кои предвидуваат дека ниту еден странски или албански државјанин не може да влезе во земјата без потврда за негативен тест за коронавирус или доказ за вакцинација. При влегување, потребно е да се покаже тнр. пасош за вакцинација, со поминати најмалку две недели од целосната вакцинација, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или антигенски не постар од 48 часа, или да се покаже потврда за прележан коронавирус.Овие правила важат и за патниците што транзитираат низ Албанија, додека само децата до шест години се о…

Мар 7, 2022

Ковид пропусниците ја изгубија смислата

Епидемиологот и член на Кризниот штаб во Србија Бранислав Тиодоровиќ најави нова седница на Кризниот штаб, при што изјави дека досегашниот начин на примена на Ковид пропусниците ја изгубил смислата и дека поддржува единствено целодневна важност на пропусниците.Тиодоровиќ рече дека непочитувањето на сегашниот систем на ковид пропусници за е главната причина зошто тие го изгубиле значењето.Најверојатно неделава ќе има седница на Кризниот штаб. Јас сум на мислење дека ковид пропусниците со примена од 20 часот изгубија секакво значење бидејќи генерално не се почитуваат. Медицинскиот дел…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top