Ковид пропусниците ја изгубија смислата

Епидемиологот и член на Кризниот штаб во Србија Бранислав Тиодоровиќ најави нова седница на Кризниот штаб, при што изјави дека досегашниот начин на примена на Ковид пропусниците ја изгубил смислата и дека поддржува единствено целодневна важност на пропусниците.

 |   | 

Тиодоровиќ рече дека непочитувањето на сегашниот систем на ковид пропусници за е главната причина зошто тие го изгубиле значењето.

Најверојатно неделава ќе има седница на Кризниот штаб. Јас сум на мислење дека ковид пропусниците со примена од 20 часот изгубија секакво значење бидејќи генерално не се почитуваат. Медицинскиот дел од Кризниот штаб беше и остана на ставот дека има смисла само 24-часовната важност – изјави Тиодоровиќ за Нова.рс

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top