Авг 29, 2021

Во Косово од денеска полициски час

Владата на Косово одобри нови мерки против ковид-19, кои ќе стапат на сила утре, а една од главните е ограничувањето на движењето по 22 часот, пренесува Коха. Владата на Косово одобри нови мерки против ковид-19, кои ќе стапат на сила утре, а една од главните е ограничувањето на движењето по 22 часот, пренесува Коха.

Јан 20, 2022

Син на српска политичарка пронајден мртов во Белград

Ј.И.(25), син на српската политичарка Санда Рашковиќ Ивиќ, утрово е пронајден мртов во Белград. Според првите информации тој бил пронајден на тротоарот пред зградата во која живеел во центарот на Белград, пишува српски Курир. Ј.И. студирал на Факултетот за филозофија.

Авг 27, 2021

1, 5 тони кокаин откриен во Подгорица

Синоќа црногорската полиција во Подгорица открила рекордно количество на кокаин. Полицијата заплени 1.205 пакувања опојни дроги во местото Мојановиќи во Зета со вкупна тежина од преку еден тон. Дрогата е најдена во пратка банани. Две лица се лишени од слобода – соопшти полицијата.  Медиумите јавуваат дека е запленет над тон и пол кокаин. Поради акцијата во која е запленето најголемо количество дрога кога било во Црна Гора синоќа биле блокирани улици во Подгорица од страна на полицијата. Им честитам на директорот, менаџментот и службениците на управата на полицијата…

Авг 26, 2021

Рекорден број починати од Kовид19 во Русија во последните 24 часа

Руските здравствени власти денеска соопштија дека во последните 24 часа регистрирале 820 починати од Ковид 19 и 19 630 новозаразени во истиот период. Бројот на починати за едно деноноќие е највисок од почетокот на пандемијата досега. Како што јавува агенцијата Ројтерс високите бројки се должат на делта сојот на коронавирусот и ниската стапка на вакцинација. Со ова вкупната бројка на починати од Ковид19 во Русија е 179 243 лица што ја прави да биде на прво место во Европа.

Авг 25, 2021

Почина Лане Гутовиќ, познатиот директор Шојиќ

Познатиот српски актер Милан Лане Гутовиќ почина на 75 годишна возраст, а веста за неговата смрт ја потврдил неговиот син. Лане пред повеќе од една недела беше примен на Воено-медицинската академија поради проблеми со дишењето, но тестот за коронавирус бил негативен. Неговата здравствена состојба нагло се влошила, по што актерот бил приклучен на респиратор поради проблеми со белите дробови. Докторите претпоставуваат дека тоа било последница од прележан Ковид-19. Милан Лане Гутовиќ својата популарност ја стекна по познатата улога на директорот Среќко Шојиќ во серијалот филмски комедии „Т…

Јан 14, 2022

Принцот Ендрју остана без кралската титула

Кралицата му одзеде голем број воени титули и кралското покровителство на принцот Ендрју, соопшти Бакингемската палата. До ова дојде ден откако неговите адвокати не успеаја да убедат американски судија да ја отфрли граѓанската тужба против него во која тој беше обвинет за сексуален напад. Со одобрение и согласност на кралицата, воената титула војвода од Јорк и кралското покровителство ѝ беа вратени на кралицата – се вели во соопштението на Палатата, во кое се додава дека војводата од Јорк нема да презема никакви јавни должности и во овој случај ќе се брани како приватен граѓанин. Пр…

Авг 24, 2021

Талибанците убија авганистански комичар

Талибанците, кон крајот на јули, откако го освоија вториот по големина авганистански град, Кандахар, погубија познат авганистански комичар, кој преку песна и танц ги исмејувал на Тик-Ток. Британски „Дејли Мејл“ објави видео на кое се гледа Назар Мухамед, познат како Каш Зван, во автомобил со вооружени исламистички милитанти. Талибанците го извлекле од неговиот дом, го одвезле со автомобил, а потоа го застрелале. По погубувањето се појавиле фотографии на кои се гледа како комичарот стои покрај дрво, а потоа како лежи на земја со пресечен врат.Талибанците прво ги демантираа информациите д…

Авг 24, 2021

Грција нема да ги затвори границите

Грчката влада не планира воведување на рестрикции за туристите, како затворање граници или забрана за влез од одредени земји, потврдил владиниот портпарол Јанис Иконому, на редовниот брифинг со новинарите. Грција утре ќе соопшти нови мерки, кои се однесуваат пред сè на невакцинираните граѓани. Во однос на новите мерки, владиниот портпарол рече дека намерата е да постои „рамка на мерки кои ќе бидат ефикасни, кои ќе се спроведуваат и главно што ќе можат да се контролираат за да се обезбеди нивната ефикасност“. Македонските граѓани во Грција може да влезат со еден од трите документи – серт…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top