Авг 23, 2021

Внимавајте: Дрогата за силување дојде на Балканот

Дрогата „GHB“ која се нарекува дрога за силување пристигна во Србија и во Хрватска. Станува збор за дрога која масовно се користи кај младите и е многу распространета на забави. „GHB“ е во течна состојба, евтина е да се набави и се става во пијалок. Предизвикува добро расположение и сексуална желба. Следниот ден конзументот речиси на ништо не се сеќава, а наркотикот брзо исчезнува од организмот. Се добива од хемикалијата за чистење на фелни, а една капка може да направи многу проблеми по здравјето. Се користи како мамец за девојки, дрогата е без вкус и мирис. Лесна е за производство дур…

Авг 21, 2021

Издадено предупредување за ураган во Њујорк и Конектикат

 Предупредување за ураган е издадено за американските сојузни држави Конектикат и Њујорк, пред се за Лонг Ајленд, поради можно засилување на тропската бура Хенри до ниво на ураган, соопшти американскиот Национален центар за набљудување на урагани. Метеоролошки услови слични на ураган се очекуваат в недела во делови од Лонг Ајленд и Конектикат за каде е издадено предупредување за ураган – се вели во соопштението. Тие соопштија дека ураганот утре може да го погоди и јужниот дел на Масачусетс и Род Ајленд. Бурата Хенри може да предизвика поплави во североисточниот дел на САД, велат …

Авг 21, 2021

Биткоин утрово надмина 49.000 долари

Пазарот на криптовалути расте утрово, сите криптовалути се во „зелено“. Вредноста на најпознатата криптовалута Биткоин порасна за 5,27 проценти за дваесет и четири часа и во моментов се тргува по цена од 49,148.63 долари. Од друга страна, Етереум скокна за 2.55% проценти и неговата цена утрово изнесува 3,264.22 долари, пишува на веб -страницата „Коиндеск“. Помалку познати криптовалути се претставуваат различно. Рипл порасна за 2.31% на 1,25 долари, додека Кардано за 0.74% проценти на 2,43 долари. Во претходните денови, инвеститорите беа повеќе од загрижени. Покрај падот на криптовалут…

Авг 19, 2021

СЗО тврди дека не е потребна трета доза вакцина

Моменталните податоци не покажуваат дека е потребна трета доза вакцина против ковид19, рече денеска главната научничка на Светската здравствена организација (СЗО) Соумуа Сваминатан. Зборувајќи за дополнителните вакцини кои се даваат во богатите земји советникот во светската организација Брус Ајлвард рече дека на светот има доволно вакцини, но тие не се на вистинското место и по вистинскиот редослед. Тој додаде дека две дози треба да им се дадат на најзагрозените низ светот пред да се тргне во давање на трета доза на они кои се потполно вакцинирани. Од СЗО истотака нагласија и дека делта…

Авг 18, 2021

„Фајзер“: Третата доза на нашата вакцина е ефикасна против делта-сојот

„Фајзер“ ги достави првите податоци за ефективноста на третата доза на вакцината до Американската администрација за храна и лекови (ФДА). Од „Фајзер“ тврдат дека нивната трета доза на вакцината, како дополнителен засилувач на имунитетот е поефикасна против многу позаразниот делта-сој на коронавирусот, според првите податоци од студијата што биле доставени до американската ФДА. Податоците што ги видовме досега сугерираат дека третата доза на нашата вакцина предизвикува високо ниво на антитела, што значително го надминува онаа што се јавува по примените две дози – рече шефот на „Фајзер“, …

Авг 17, 2021

Турција гради ѕид на границата со Иран за да спречи бегалци од Авганистан

Турција почна со изградба на ѕид на границата со Иран за да спречи продор на авганистанските граѓани кои бегаат од талибанскиот режим, јави Би-Би-Си. Десетици илјади луѓе очајнички бараат начин да заминат од Авганистан, а се претпоставува дека бегалците ќе се упатат кон Иран, а потоа кон Турција. Турските власти издадоа наредба за изградба на ѕид на границата со Иран со цел да се спречи голем бран бегалци, но и продор на инфилтрирани талибанци помеѓу нив. Предвидено е ѕидот да биде долг 295 километри.

Авг 14, 2021

Пристигнува ново продолжение на „Сам дома“

Околу 31 година откако Кевин Мекалистер првпат остана сам дома во оригиналниот филм „Сам дома“, платформата „Дизни плус“ ќе прикажува нова верзија на филмот. Платформата премиерно ќе ја прикаже новата верзија од филмот на 12 ноември.Во филмот, наречен „Home sweet home alone“, ќе биде раскажана приказна за Макс Мерсер, кој ќе остане дома откако неговото семејство ќе отиде на патување во Јапонија. Во меѓувреме, крадци ќе се обидат да влезат во куќата на Мерсер. Во филмот играат Ели Кемпер, Роб Дилејни, Крис Парнел и Кинан Томпсон.

Авг 14, 2021

ТРАГЕДИЈА НА ФЛОРИДА: Дете ја застрелало својата мајка

Страшна несреќа се случи на Флорида кога дете ја застрелало својата мајка во главата. Дете пронашло наполнет пиштол во нивниот стан и пукало во жената додека била на повик на Зум поврзан со работата, соопшти полицијата. Колешката што разговарала со загинатата Шамаја Лин (21) слушнала силен звук, а веднаш потоа ја видела мајката како паѓа наназад. Во истиот момент, таа повикала брза помош и им рекла на диспечерите дека мисли дека Шамаја е погодена, пишува „Дејли Меил“. По истрагата, детективите изјавија дека детето на Лин пронашло наполнет пиштол што му припаѓал на неговиот татко, и дека т…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top