Јул 29, 2021

Три лица загинаа во пожарот во Анталија

Шумскиот пожар кој вчера околу пладне го зафати медитеранскиот регион на Турција во близина на Анталија и летувалиштето Сиде се уште не изгаснат, но е ставен под контрола. Настрадаа три лица, а принудно е евакуирано населението и туристите во погодените подрачја. Повеќе од 100 лица биле повредени, од кои 58 се хоспитализирани, најмногу поради труење со чад. Медиумите од соседството јавуваат за евакуација на нивни државјани од хотели во Сиде, бидејќи дува силен ветар кој носи чад, па сопствениците на хотелите решија како мерка на претпазливост да ги пренесат своите гости на други локации. …

Јул 28, 2021

Шумски пожар во Анталија, дел од населението евакуирано

Голем шумски пожар избувна денеска во регионот на Анталија, Турција, јавуваат турските медиуми. Огнот избувнал во шумскиот предел во населбата Јеникој, а акцијата за гаснење се спроведува од воздух и од копно. Како што јавува агенцијата „Анадолија“ причината за пожарот сè уште не е позната, а поради опасност било евакуирано дел од населението во областа Калемлер. Предизвикана е штета на неколку куќи, а настрадале и животни додека многу жители во паника се обиделе да избегаат од тоа подрачје. „Дејли сабах“ јавува дека е евакуирано население и во Јеникој и Евренсеки, во близина на туристич…

Јул 27, 2021

Експлозија во хемиска фабрика во Леверкузен

  Според светските медиуми, сведоците изјавиле дека виделе чад, а германската агенција за цивилна заштита прогласи „екстремна опасност“. Според порталот „Билд“, наводно дошло до експлозија во областа за одлагање отпад. Ова го објави компанијата „Курента“, која е оператор на хемискиот парк „Хемарк“. Голем црн облак чад се надвисна над градот по експлозијата, јави германската агенција ДПА. Експлозијата се случи во делот на паркот каде што се согорува отпад, изјави портпаролот „Куренте“, како што објави Ројтерс. Управата на тој парк објави на Твитер дека сè уште не е јасно што ја предизвика…

Јул 25, 2021

Косовски автобус се преврте во Хрватска-10 загинати

Министерот за здравство на Хрватска Вили Берош, го посетил местото на несреќата во Славонски Брод каде утрово косовски автобус се преврте, при што загинаа 10 лица. Министерот кажа дека во автобусот имало и деца. Во автобусот имало 15 малолетници, едно девојче настрада – рече Берош. Помошникот Дамир Трут објасни детали околу состојбата на патниците: Севкупно имало 67 патници. Девет патници и еден возач загинаа на лице место. 44 патници се примени во болницата во Славонски Брод, и пружена им е лекарска помош. Осум од нив тешко се повредени, а досега четири се оперирани. 14 патници и …

Јул 23, 2021

Привремена забрана за дискотеки и клубови во Црна Гора

Забранети се забавите и музичките фестивали, како и сите масовни собири во затворени простории.Дирекцијата за инспекциски работи ќе ги контролира собирите на отворено и изведувањето музика во живо во градините на локалите. Доколку продолжи трендот на прекршување, ќе се разгледа нивното укинување или дополнително ограничување. Црна Гора бележи пораст на бројот на новоинфицирани. Вчера имаше 65 новозаразени. Вкупниот број заразени моментално изнесува 421.

Јул 21, 2021

Потопен кинески град во кој живеат над 10 милиони луѓе, најмалку 12 мртви

Градовите низ провинцијата Хенан беа погодени од поплавите, вклучително и главниот град на провинцијата, Женгжу со повеќе од 10 милиони жители. Улиците во градот се претворени во реки, а метро станиците се поплавени. Видеа споделени на социјалните мрежи покажаа како автомобили пловат по улиците. Застрашувачки видеа има со патници во метрото заробени во вагоните полни со вода. Неколку видеа од подземната железница покажаа безживотни тела на удавени луѓе. „Ваков вид врнежи од дожд обично се забележува еднаш во 100 години. Ситуацијата е мрачна”, се вели во соопштението на градските власти во …

Јул 20, 2021

САД и Германија ќе објават договор за гасоводот „Северен поток 2“

На минатонеделниот состанок, американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел не успеаја да ги решат несогласувањата околу подводниот гасовод, кој од дното на Балтичко море би требало да испорача 55 милијарди кубни метри гас од руските наоѓалишта, но се согласија дека не смее да и се дозволи на Москва енергијата да ја користи како оружје.против своите соседи. Како што пренесуваат странските агенции, договорот сега е на повидок, по разговорите меѓу американските и германските власти во врска со загриженоста на САД дека гасоводот, кој е 98 отсто завршен, ќе ја зголе…

Ное 4, 2021

Сè повеќе заразени од Ковид-19 во европските земји

Глобално бројот на нови случаи на Ковид-19 се зголемил минатата недела, а Европа имала најголем пораст, петта последователна недела, соопшти Светската здравствена организација. Во извештајот за неделата која заврши на 31 октомври, СЗО вели дека бројот на нови случаи се зголемил за 3% на глобално ниво, а ова во најголем дел е поттикнато од Европа каде зголемувањето било 6%. Во други делови од светот има намалување на бројот на нови случаи, најголемо во Источниот Медитеран каде било 12%. Бранот кој ја зафати Русија најмногу придонесе за високите бројки во Европа. Минатата недела во еден д…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top