Јул 19, 2021

Кина обвинета за сајбер нападите на „Microsoft“

Првото соопштение стигна од Европската Унија, во која се наведува дека нападот дошол од „територијата на Кина“, додека Велика Британија соопшти дека одговорни се актерите поддржани од Кина. Исто така беше речено дека кинеското Министерство за државна безбедност е одговорно и за други активности на шпионажа. Според Ројтерс, кон осудите се приклучиле САД, НАТО, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Канада. „Соединетите држави и земјите ширум светот ја сметаат Народна Република Кина одговорна за низата неодговорни, нарушувачки и дестабилизирачки однесувања во сајбер просторот, што претставува го…

Јул 18, 2021

Лековите за холестерол го намалуваат ризикот од смрт кај заразените со корона вирус

Анализата на повеќе од 10.000 луѓе примени во 140 болници во САД покажува дека статините, лековите за намалување на холестеролот и лековите за крвен притисок ја намалуваат смртноста од коронавирусот за дури 40 проценти кај оние кои ги земале пред хоспитализација. Намалениот ризик од смрт бил поголем кај оние кои земале само статини – 46%, отколку кај пациенти кои користеле само лекови за висок крвен притисок 27%. Луѓето третирани со статини имале 25% помал ризик да развијат потешка форма, додека оние кои земале лекови за висок крвен притисок имале 11% помал ризик. Придобивката од употребат…

Јул 18, 2021

Гоца Тржан тајно го кажа судбоносното „ДА“

Гоца Тржан и Раша Новаковиќ, тајно ја организираа црковната венчавка. Пејачката е во бел костум, додека нејзиниот избраник, Раша, е облечен во темно одело. Тржан се огласи на својот Инстаграм профил, со споделување на фотографии од церемонијата во црквата. Настанот делува приватно, со неколку сведоци, торта со „стаклена“ глазура и првото соопшение доаѓа од „устата“ на невестата. За потсетување, Гоца и Раша се венчаа во 2015-та година, а сега решиле да се заколнат во вечна љубов. Инаку, пејачката зад себе има брак со Иван Маринковиќ, со кого ја има ќерката Лена.

Јул 18, 2021

На Миконос воведен полициски час и забрана за музика

Новите ограничувања се воведени по порастот на бројот на заболени од корона вирусот во овој дел на Грција. По „загрижувачката“ локална епидемија министерството за цивилна заштита на Грција соопштило дека се забранува музика на островот и се воведува забрана за движење од 01 до 06 часот. Движењето ќе им биде дозволено само на лицата кои одат или се враќаат од работа, или имаат здравствен проблем поради кој мора да посетат медицинска установа, пренесе Ројтерс. Овие рестрикции ќе бидат на сила до 26 јули. Миконос е познат како остров за забава на богатите и како една од најпопуларните дести…

Јул 18, 2021

Циклонот од Германија пристигна во Србија

Циклонот веќе е присутен во Србија, но и на целиот Балкански полуостров, тој претходно беше над Германија и со денови беше присутен во истата област, заради што Западна и Југозападна Германија, Луксембург, Источна Холандија и Белгија имаа катастрофални врнежи и невреме незапамтено во последните 100 години, напиша метрологот Џорџе Џуриќ на својот Фејсбук профил. Според него овие се едни од најголемите поплави досега во оваа област, а сега опасноста се заканува и од бројните брани. За среќа, времето е целосно стабилизирано, и така ќе биде и во наредните денови, што би им помогнало на спасува…

Јул 17, 2021

Емиратите нудат 100.000 визи за програмери од цел свет

Емиратите златните визи ги нудат на талентирани програмери од кој било крај на светот, објавено е на сајтот Startita. Златните визи, обезбедуваат долготраен престој, а ќе ги добијат програмери, претприемачи, сопственици на претпријатија и стартапи кои се занимаваат со програмирање. Идејата на програмата е да зајакне економијата. Покрај ова, Емиратите планираат да основаат 1.000 компании кои ќе учествуваат во процесите на дигитална трансформација на државните и на економските системи.

Јул 13, 2021

Расте бројот на загинати во пожарот во Ирак

Најмалку 66 лица загинаа, а други 67 се повредени во пожарот што избувна синоќа на одделот за ковид пациенти во болницата Ал Хусеин во Насирија, јужен Ирак, соопштија локалните здравствени власти. Премиерот Мустафа ал-Казими синоќа итно се состана со министрите и со безбедноста; службеници и им нареди да ги испитаат причините и последиците од пожарот, соопшти неговиот кабинет на Твитер. Се наведува дека директорот на болницата и шефот на цивилната одбрана на провинцијата ДиКар биле сослушани од полицијата. Според некои извори, пожарот бил предизвикан од експлозија на шише со кислород. Во …

Јул 13, 2021

Франција го казни Гугл поради непочитување на авторски права за вести

Американскиот технолошки гигант во текот на следните два месеци мора да достави предлози за тоа како ќе ги обесштети новинските агенции и другите медиуми за користење на нивните вести. Доколку не го стори тоа, се соочува со казни до 900.000 евра на ден. Медиумите АПИГ, СЕПМ и АФП го обвинуваат технолошкиот гигант дека не разговарал со нив со добра волја за да се најде заеднички јазик за надоместок за новинарските содржини на интернет, според неодамнешната директива на ЕУ. Случајот сам по себе се фокусира на тоа дали Гугл ги прекршил привремените наредби издадени од антимонополскиот орган,…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top