Сеп 4, 2021

Антиваксери упаднаа во студиото на словенечката телевизија

Луѓето кои го негираат коронавирусот и се противат на вакцинацијата протестираа во близина на зградата на РТВ Словенија, а потоа дел од демонстрантите влегоа во неа, игнорирајќи ги предупредувањата на чуварите. Потоа провалиле во студиото. Видеото од упадот го објави новинарката Барбара Видмајер. Видеото ги прикажува водачот на ТСО Троху и неговите поддржувачи во студио за вести. Демонстрантите рекоа дека влегле во нивната куќа која била окупирана, повикувајќи се на јавната телевизија. Наскоро се појавија камери и почнаа да снимаат се и тие побараа директен пренос. Побараа да им се обра…

Сеп 3, 2021

Спутник е новиот град кој ќе се изгради во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша договор за изградба на нов град Спутник, соопшти денеска Министерството за развој на Далечниот Исток. Путин го потпиша планот за време на економскиот форум кој се одржа во Владивосток, град на крајниот исток од земјата. Спутник треба да биде оддалечен околу 30 километри од Владивосток, кој, пак, се наоѓа 2.000 километри од Кина. Плановите предвидуваат дека новиот град ќе стане индустриски центар во кој еден ден ќе живеат 300.000 луѓе. Спутник, кој од руски превод значи „сателит“ е името на првиот вештачки сателит на Земјата, лансиран од Советск…

Сеп 3, 2021

Терористички напад во Нов Зеланд

Новозеландската полиција соопшти дека застрелала насилен екстремист, откако тој со нож ранил шест луѓе во супермаркет во Окленд. Ова е првиот терористички напад во Нов Зеланд, откако Брентон Тарант уби 51 лице и повреди 40 други во оружениот напад во две џамии во Крајстчрч, во 2019 година, како што пренесуваат светските медиуми. Тарант беше осуден на доживотен затвор, а Нов Зеланд оттогаш ги заостри законите за поседување оружје. Премиерката на Нов Зеланд, Џacинда Ардерн, изјави дека станува збор за терористички напад, како и дека напаѓачот е државјанин на Шри Ланка кој бил поврзан со Ис…

Сеп 3, 2021

Во Грција шест случаи на колумбискиот сој на коронавирус

Грчката служба за јавно здравје (ЕОДИ) потврди дека открила шест случаи на колумбискиот сој на коронавирус, кој внимателно се следи од Светската здравствена организација (СЗО) поради страв дека може да ја заобиколи заштитата што ја обезбедуваат вакцините. ЕОДИ соопшти дека идентификувала два случаја на аеродромот во Атина, два во Арголида во северен Пелопонез и по еден во Атина и Ахаја, исто така на Пелопонез, објави „Катимерини“. Високозаразниот делта-сој продолжува да предизвикува најголема загриженост, бидејќи стапката на мутираниот коронавирус по потекло од Индија сега во Грција изн…

Сеп 2, 2021

Прогласена вонредна состојба во Њујорк

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио прогласи вонредна состојба откако дождот, по торнадото Ида, предизвика поплава во градот. Вонредната состојба е прогласена во Њујорк. Преку твитови, Де Бласио бара од граѓаните да не излегуваат на улиците и наведува дека околу 5.300 домаќинства останале без струја. Сведоци сме на историски временски случувања со рекорден дожд во градот, со поплави и опасни услови на патиштата – напиша де Бласио. Градските власти соопштиле дека на улиците на Њујорк може да сообраќаат само возилата за итна помош, поради тешките временски услови кои предизвикал…

Фев 18, 2022

Патниците од грчкиот брод кој се запали се евакуираат на островот Крф

Спасените патници и членови на екипажот од траектот што се запали додека пловеше од Грција за Италија, се пренесуваат на грчкиот остров Крф, каде што ќе се пребројат, регистрираат и идентификуваат, а паралелно во тек е истрага за евентуални исчезнати лица, јави дописничката на МИА од Атина. На траектот имало вкупно 290 лица, 239 патници и 51 член на екипажот, а грчките медиуми објавија дека постојат информации за околу десет исчезнати лица, односно станува збор за лица кои се наоѓаат на листата патници, но не се во чамците за спасување, без тоа да значи дека со сигурност се качиле на тра…

Сеп 1, 2021

СЗО: Следи нов сој на коронавирусот, варијантата Ми

Новата варијанта со научно име Б.1.621 досега беше класифицирана како „варијанта што треба да се следи”, наведува СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен за еволуцијата на пандемијата на коронавирусот. СЗО прецизира дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност на вакцината и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на коронавирус. Сите вируси, вклучително и коронавирус (SARS-CoV-2), мутираат со текот на времето. Повеќето мутации имаат мал или никаков ефект врз својствата на вирусот. Меѓутоа, одредени …

Сеп 1, 2021

Нов земјотрес во Хрватска

Умерен земјотрес утрово по 9 часот ја потресе пошироката област Шибеник во Хрватска. EMSC (Европски сеизмолошки центар) известува дека јачината на земјотресот била 3,2 степени, а епицентарот бил на 12 километри западно од Шибеник во Јадранското Море, на длабочина од околу два километри, пренесува Индекс. Земјотресот се случил во 21:05 часот, а бил почувствуван во Шибеник, Водице, Биоград, Пашман, Задар.  
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top