Прогласена вонредна состојба во Њујорк

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио прогласи вонредна состојба откако дождот, по торнадото Ида, предизвика поплава во градот. Вонредната состојба е прогласена во Њујорк.

 |   | 

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио прогласи вонредна состојба откако дождот, по торнадото Ида, предизвика поплава во градот. Вонредната состојба е прогласена во Њујорк.

Преку твитови, Де Бласио бара од граѓаните да не излегуваат на улиците и наведува дека околу 5.300 домаќинства останале без струја.

Сведоци сме на историски временски случувања со рекорден дожд во градот, со поплави и опасни услови на патиштата – напиша де Бласио.

Градските власти соопштиле дека на улиците на Њујорк може да сообраќаат само возилата за итна помош, поради тешките временски услови кои предизвикале поплави во градот, пренесува CNN.

Во моментов нема информации за критични повреди во Њујорк – соопштила њујоршката противпожарна служба.

Итната помош ги евакуира луѓето од њујоршкото метро, бидејќи дождот предизвикал таму да продре големо количество вода. На граѓаните им се советува да не користат метро, чии линии се лимитирани, како и автобускиот сообраќај.

Како што информира CNN, американската тениска асоцијација се обидува со надлежните во Њујорк да организира безбедно заминување на навивачите од УС Опен.

Во поплавите загинаа најмалку 23 лица, меѓу кои и деветгодишно детенце.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top