Здравствените работници во Франција кои не биле вакцинирани против коронавирус ќе бидат суспендирани од работа од денеска.
Од 15 септември, персоналот на болницата, возачите на брза помош, работниците во пензионерските домови, приватните лекари, пожарникарите и луѓето што се грижат за стари или изнемоштени лица во нивните домови – вкупно околу 2,7 милиони луѓе – мора да докажат дека примиле барем една доза вакцина против ковид 19.
Околу 300.000 медицински лица се уште не се вакцинирани, а еден од најголемите француски синдикати во јавниот сектор, ЦГТ, предупреди на „здравствена катастро…
Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер ја погоди денеска Албанија. Земјотресот е почувствуван и во Црна Гора.
Епицентарот на силниот земјотрес кој се случи во 4 часот и 19 минути по локално време бил во близина на границата на Албанија со Црна Гора, 11 километри источно од Подхум, пренесуваат црногорските медиуми.
Секторот за сеизмологија при Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопштил дека во епицентралното подрачје земјотресот бил од Петти степен на Меркалиевата скала.
Инаку, жариштето на земјотресот е лоцирано на длабочина од 16 километри.
Засега нем…
Рускиот претседател Владимир Путин ќе оди во самоизолација бидејќи барем едно лице од неговата околина е позитивно за коронавирус, објави Кремљ.
Се очекува тој да продолжи да се појавува на состаноци преку видео-врска. Соопштението објавено до новинарите во вторникот потврди дека Путин ќе мора да се изолира. Треба да се потсети дека Путин вчера изјави дека голем број луѓе во неговата непосредна околина се заразени со вирусот ковид-19 и дека тој самиот можеби ќе треба да биде ставен во карантин.
Единаесет луѓе од мојата придружба имаат проблем со ковид-19. Треба да видиме што навистина с…
Коронавирусот во Србија е потврден кај 7.723 луѓе во последните 24 часа, а во исто време, 26 пациенти починале како последица од овој вирус.
Тестирани се 27.927 луѓе. На респиратор се приклучени 156 пациенти.
Најмногу новозаболени се во Белград-1.728. Следуваат Нови Сад со 445, Крагујевац со 308 и Ниш со 302 заболени.
Едно лице загина, а најмалку 49 се повредени во тешката сообраќајна несреќа во Турција, кога патнички автобус се судрил со училишен автобус.
Несреќата се случила на автопатот Мугла Денизли околу 7.30 часот по локално време, јавуваат турските медиуми.
Патничкиот автобус, како што пренесуваат тамошните медиуки, удрил во училишен автобус и се превртел.
Возачот на автобусот со туристи починал на лице место. Според првичните информации непосредно пред несреќата претрпел срцев удар. Меѓу повредените има 42 туристи од Украина, седум ученици, како и возачот на училишниот автобус. Сите се прене…
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе ја посети Тирана, каде што ќе се сретне со премиерот на Албанија, Еди Рама.Потоа таа ќе има заеднички ручек со шефовите на владите на земјите од Западен Балкан, по што ќе има одделни средби со премиерите на Црна Гора, БиХ, Северна Македонија и Косово.Целта на посетата, според албанските медиуми, е да се даде нов поттик на Берлинскиот процес започнат во 2014 година.Инаку, ова е вторпат Меркел да дојде во Тирана, по посетата во јули 2015 година.Поради посетата, албанската полиција презеде низа безбедносни мерки, од изменет сообраќаен режим на по…
Околу 60.000 потрошувачи останаа без електрична енергија на источниот брег на канадскиот остров Њу Фаундленд поради ураганот Лари, објави телевизијата Си-Би-Си.
Според Националната метеоролошка служба на Канада, налетите на ветрот на ураганот на некои места биле исклучително силни. Виорот собори стотици дрвја, патокази и билборди. Покривите на некои куќи беа одвеани. Некои од патиштата на островот во моментов се затворени поради поплави.
Нема информации за повредени.
Бројот на екстремно топли денови, во кои температурата достига 50 степени целзиусови, се дуплирале од 1980-тите години, покажува глобална анализа на Би-Би-Си.Истовремено ваквиве денови се случуваат во многу повеќе места од светот отколку претходно, што претставува предизвик по здравјето и по начинот на живот како никогаш досега.Вкупниот број денови преку 50 степени се зголемувал секоја деценија од 1980-та година. Во просек, помеѓу 1980-та и 2009-та температурите преминале 50 степени околу 14 денови во годината. Оваа бројка е зголемена на 26 денови во периодот меѓу 2010 и 2019.„Зголемувањето…