Окт 16, 2021

11 УЧЕНИЦИ СЕ УДАВИЈА ВО РЕКА ВО ИНДОНЕЗИЈА

Единаесет ученици се удавија, а десет се спасени за време на проект на училиштето за расчистување на река во индонезиската област Западна Јава. Локалните власти соопштија дека 150 ученици на возраст од 13 до 15 години од Исламското средно училиште учествувале во чистењето на коритото на реката Силиур, кога 21 од нив се лизнале во водата. Времето беше убаво и немаше поплави. Децата кои се удавија се држеле за раце. Едно од нив се лизнало и ги повлекло другите – изјави шефот на спасувачката мисија Деден Ридвансија. Според првичните сознанија, учениците не носеле појаси за спасување. Т…

Јан 20, 2022

Мајкрософт ја откупува компанијата автор на Call of Duty за 68,7 милијарди долари

Microsoft објави дека ја купува Activision Blizzard за 68,7 милијарди долари. Трансакцијата, пишува Ројтерс, била извршена одеднаш. Ова е огромна и изненадувачка вест што може драстично да влијае на иднината на растечката индустрија на видео игри. Activision е познат по серијата Call of Duty, но и по многу други популарни наслови. Покрај Call of Duty, Activision Blizzard ги има следните наслови: Warcraft, World of Warcraft, Diablo, Crash Bandicoot, StarCraft, Tony Hawk, Overwatch, Candy Crush, Guitar Hero, Spyro. Тоа е најголемата аквизиција во историјата на индустријата за игри. Сè у…

Окт 16, 2021

Четворица руски туристи пронајдени мртви во сауна во Албанија

Четворица руски туристи се пронајдени мртви во хотел во зоната Ќерет, во познатото албанско приморско гратче Каваја. Нивните тела биле пронајдени во хотелската сауна. Основано се сомнева дека причина за смртта е задушување. Нивното отсуство ги загрижило другите туристи од групата со која биле заедно пристигнати, по што го известиле персоналот на хотелот. Околу 22:20 часот во Ќерет, Каваја, во просториите на хотелска сауна, пронајдени се мртви четири лица, две жени и двајца мажи, државјани на Русија. Телата се дадени на обдукција. Истрагата е во тек. За настанот е известена и руската …

Окт 15, 2021

Бил Клинтон хоспитализиран поради инфекција

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е примен во болница во Калифорнија поради инфекција што не е поврзана со ковид-19 и „закрепнува“, објави синоќа неговиот портпарол. 75 годишниот Клинтон беше примен во болница во вторникот вечерта. Тој останува во болница за постојано следење – соопштија лекарите, наведувајќи дека по дводневниот третман добро реагирал на антибиотици. Медицинскиот тим во Калифорнија е во постојан контакт со медицинскиот тим на претседателот со седиште во Њујорк, вклучувајќи го и неговиот кардиолог, се додава во изјавата на докторите и се наведува дека с…

Окт 14, 2021

Нов пад на турската лира

Турската лира падна на рекордно ниско ниво откако претседателот Реџеп Таип Ердоган спроведе нова „чистка“ на Централната банка. Ердоган смени тројца членови на Комитетот за монетарна политика на Централната банка (МПЦ) и назначи двајца нови членови. Заменик-гувернерите Семих Туменанд и Угур Намик Кучук се отстранети, заедно со уште еден член на МПЦ, Абдула Џавас, а Ердоган го назначи Таху Чакмак за заменик гувернер на централната банка и Јусуф Тун за член на МПЦ. Кучук е единствениот член на монетарниот комитет кој се спротивстави на одлуката на Централната банка да ја намали каматната …

Окт 14, 2021

Најмалку 46 луѓе загинаа при пожар во зграда во Тајван

При пожар кој избувнал синоќа во станбена зграда во јужен Тајван загинаа најмалку 46 лица, а 41 се повредени, соопштија денеска надлежните. 13 катницата што се запалила се наоѓа во градот Каосиунг. Во соопштението на противпожарната служба е посочено дека пожарот бил многу силен и за кратко време уништил многу катови. Надлежните денеска по гасењето на пожарот извршија увид и започнаа истрага за утврдување на причините. Видеото објавено на тајванската телевизија прикажува портокалови пламени и чад како излегуваат од долните катови на зградата, додека пожарникарите прскаат со вода од улиц…

Јан 14, 2022

Северна Кореја истрела неидентификувана ракета

Северна Кореја денеска истрела неидентификуван проектил во правец на исток, соопшти јужнокорејската армија. Јапонската крајбрежна стража наведува дека испуканиот проектил би можел да биде балистичка ракета, јавија некои светски агенции. Ова е трето лансирање што Северна Кореја го изврши оваа година. Претходно беа истрелани проектили на 5 и 11 јануари, а Пјонгјанг соопшти дека успешно е тестирана хиперсонична ракета.

Окт 13, 2021

СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ВОЈНИЦИ СО ГЛАВА КРШАТ БЕТОНСКИ БЛОКОВИ

Севернокорејските државни медиуми објавиле видео на кое се прикажани тамошните војници како со глава и со раце кршат бетонски блокови, виткаат челични шипки. Видеото е направено за време на егзибициjата на одбранбените способности на војската која е одржана во Пјонгјанг, а меѓу гледачите бил и севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун. На снимката се гледа како војници со раце и глава уништуваат цигли и плочки, лежат на искршено стакло и клинци додека други војници со чекани кршат бетонски плочи на нивните тела. Големото финале на егзибицијата е кога двајца војници со вратови виткаат желе…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top