Бил Клинтон хоспитализиран поради инфекција

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е примен во болница во Калифорнија поради инфекција што не е поврзана со ковид-19 и „закрепнува“, објави синоќа неговиот портпарол. 75 годишниот Клинтон беше примен во болница во вторникот вечерта.

 |   | 

Тој останува во болница за постојано следење – соопштија лекарите, наведувајќи дека по дводневниот третман добро реагирал на антибиотици.

Медицинскиот тим во Калифорнија е во постојан контакт со медицинскиот тим на претседателот со седиште во Њујорк, вклучувајќи го и неговиот кардиолог, се додава во изјавата на докторите и се наведува дека се надеваат дека Клинтон „наскоро ќе се врати дома“.

Клинтон беше претседател на САД од 1993 до 2001 година. Тој веќе беше хоспитализиран во 2004 година за имплантација на стент и ослободување на артерија и во 2010 година кога беше подложен на ангиопластика.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top