Нов пад на турската лира

Турската лира падна на рекордно ниско ниво откако претседателот Реџеп Таип Ердоган спроведе нова „чистка“ на Централната банка.

 |   | 

Турската лира падна на рекордно ниско ниво откако претседателот Реџеп Таип Ердоган спроведе нова „чистка“ на Централната банка. Ердоган смени тројца членови на Комитетот за монетарна политика на Централната банка (МПЦ) и назначи двајца нови членови.

Заменик-гувернерите Семих Туменанд и Угур Намик Кучук се отстранети, заедно со уште еден член на МПЦ, Абдула Џавас, а Ердоган го назначи Таху Чакмак за заменик гувернер на централната банка и Јусуф Тун за член на МПЦ.

Кучук е единствениот член на монетарниот комитет кој се спротивстави на одлуката на Централната банка да ја намали каматната стапка. Одлуката ги шокираше меѓународните инвеститори минатиот месец, пишува Фајненшл тајмс.

По објавувањето за овие промени, лирата падна на рекордно ниско ниво од 9,1900 во однос на доларот, што е загуба од 1 отсто тој ден и досега е ослабена за околу 19 отсто во текот на оваа година.

Минатиот месец, Централната банка ја намали референтната каматна стапка на 18 проценти од претходните 19 проценти и покрај годишната инфлација од речиси 20 проценти, потег што аналитичарите го сметаат за последен доказ за политичкото мешање на Ердоган, кој се опишува како непријател на каматните стапки.

Ердоган во последните години направи повеќе промени во Централната банка, а Ројтерс пренесува дека во последните две и пол години отпуштил тројца гувернери поради политички несогласувања, што негативно влијаеше врз лирата и сериозно го наруши кредибилитетот и предвидливоста на турската монетарна политика.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top