Окт 24, 2021

Уапсен модерниот Пабло Ескобар, најмоќниот колумбиски наркобос

Колумбиските вооружени сили го уапсија моментално најмоќниот дилер на дрога по смртта на озлогласениот Пабло Ескобар, Даир Антонио Усугу, познат како Отониел, водачот на моќниот картел Клан дел Голфо (Клан на Заливот), кој бил уапсен во една од колумбиските џунгли, пишува Гардијан. Разузнавачките служби предводени од САД и Велика Британија дале доволно информации за да им овозможат на повеќе од 500 војници и припадници на колумбиските специјални сили да го уапсат Отониел заедно со осум членови од неговото обезбедување, кои постојано го следеле, соопштија Властите. Името на акцијата била…

Окт 23, 2021

Висок лидер на Ал Каеда убиен во американски напад со дрон во Сирија

Американската војска соопшти дека вчера убила висок водач на Ал Каеда во воздушен напад во северозападна Сирија. Мајор Џон Ригсби, портпарол на Централната команда на САД, потврди дека Абдул Хамид ал Матар е убиен во напад со беспилотно летало. Ригсби рече дека ликвидацијата на Ал-Матара ќе ја наруши „способноста на Ал Каеда за понатамошно планирање и извршување на глобални напади кои им се закануваат на американските граѓани, американските партнери и невините цивили“. Тој додаде дека Ал Каеда „ја користи Сирија како база за закани за Сирија, Ирак и пошироко“. Нападот со беспилотни лета…

Окт 23, 2021

Хрватите од денеска може да патуваат во САД без визи

Од денеска на хрватските граѓани им е овозможено да патуваат во САД без виза, објави американската амбасада во Загреб. Таа одлука на Електронскиот систем за овластување за патување (ЕСТА) се однесува на хрватските граѓани кои заминуваат во САД во туристички или деловен аранжман, не подолго од 90 дена, објави „Јутарњи лист“. Членството на Хрватска во таканаречената програма за ослободување од визите (VWP) е важен чекор во натамошното зајакнување на економската и безбедносната соработка меѓу двете земји, соопшти Амбасадата. За да може една земја да влезе во програмата за укинување на виз…

Окт 22, 2021

16 лица загинаа во пожар во Русија

16 луѓе загинаа во денешната експлозија и пожар во фабрика за барут во регионот Рјазан во Русија, јавуваат локалните медиуми. Причина за пожарот е веројатно „нарушување на технолошкиот процес и мерките за безбедност“, велат од Министерството за вонредни ситуации. Пожарот избувна во работилницата за производство на барут во фабриката Еластик плант. Според извори, како што пренесува БГНЕС, работилницата во која се случил инцидентот е во сопственост на компанија која произведува индустриски експлозиви и депонира муниција. Министерството за вонредни состојби соопшти дека првпат добило сигн…

Фев 18, 2022

Гори товарен брод полн со луксузни автомобили во Атлантикот

Гори товарен брод полн со луксузни автомобили и плови во Атлантскиот Океан откако огнот го принуди екипажот да побегне и да го напушти бродот. Бродот „Фелисити Ејс“ се запали во средата во северниот дел на Атлантикот додека превезуваше товар од градот Емден во Германија до Дејвисвил на Род Ајленд, вклучувајќи луксузни автомобили „Порше“ и „Фолксваген“, јавува Си-Ен-Ен. Во моментот на пожарот, бродот се наоѓал на 90 наутички милји југозападно од португалските Азорски острови, се вели во соопштението на португалската морнарица. Откако избувнал пожарот во товарниот дел, кој многу брзо се …

Окт 21, 2021

Трамп најави нова социјална мрежа до крајот на месецов

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе лансира сопствена апликација за социјални медиуми, TRUTH Social, за која рече дека „ќе им се спротивстави на големите технолошки“ компании како Твитер и Фејсбук кои му забранија да ги користи нивните платформи. TRUTH Social ќе биде создадена преку нова компанија формирана со спојување на групацијата „Трамп медиа и технологија“ и специјална компанија за аквизиција, се вели во соопштението за печатот што двете организации го објавија синоќа. Живееме во свет каде што Талибанците имаат огромно присуство на Твитер, но вашиот омилен америк…

Окт 20, 2021

Обезглавено тело на маж пронајдено во позната туристичка област

Тело на маж без глава и со отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Светските медиуми пренесуваат дека полицијата интензивно трага по Алекс Мартин, осомничен за ова злосторство. Убиството се случило во познатата туристичка област Прованса, на Азурниот брег. Полицијата објави фотографија од наводниот сторител на Фејсбук, маж во четириесетти години, и повика сведоци кои можеби ќе го видат веднаш да се јават во полиција. Според неофицијални информации, убиецот е внук на жртвата. Локалниот градоначалник го опиша осомничениот како „нестабилна личност“ и ги информираше с…

Окт 19, 2021

Рекордни бројки на починати од ковид-19 во Источна Европа

Кризниот центар за борба против коронавирус во Москва, денеска соопшти дека во изминатите 24 часа, како последица од ковид починале 1.105 луѓе, со што бројот на починати од коронавирусот достигна 225.325 од почетокот на пандемијата. Русија е на четврто место по број на починати од ковид, и се наоѓа зад САД, Бразил и Индија. Денеска и Украинското Министерството за здравство објави дека од ковид починале 538 лица во изминатите 24 часа, што е највисока дневна бројка забележана за време на пандемијата. Досега како последица на ковид во Украина починале 61,348 луѓе. И Романија објави нов дне…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top