Авг 12, 2021

Над 500 туристи во Црна Гора се заразиле со корона вирус

Досега, потврдено е дека 541 туристи во Црна Гора се заразиле со коронавирус, вели Јована Вуковиќ, епидемиолог во Институтот за јавно здравје, за Радио Слободна Европа (РСЕ). Според РСЕ, во последниот месец, Дирекцијата за инспекциски работи издала околу 380 решенија за самоизолација на туристите, повеќето од нив во Будва. За време на контролите, немаше прекршувања на мерките за самоизолација, како меѓу граѓаните на Црна Гора, така и меѓу туристите“, изјавија од Управата. Нивните 18 здравствени и санитарни инспектори ги контролираат пропишаните мерки за изолација на црногорскиот брег…

Авг 12, 2021

Најмалку 8 загинати при хеликоптерска несреќа на Камчатка

Повеќе лица загинаа при тешко слетување на хеликоптер на Далечниот Исток на Русија, во Камчатка, јави Тасс, повикувајќи се на извор од итни спасувачки служби, пренесе ДПА. Според прелиминарните податоци, при тешкото слетување на хеликоптерот, осум лица загинаа, а останатите осум се спасени. Хеликоптерот потона, соопшти Тасс рано утринава, повикувајќи се на изворот. Руската агенција подоцна ја цитираше Марина Волкова, заменик-министер за здравство на Камчатка, дека девет лица преживеале. Се верува дека во хеликоптерот Ми-8 имало 13 туристи и тројца членови на екипажот. Се истражув…

Авг 11, 2021

Фејсбук ги брише анти-ваксерските кампањи

Од компанијата тврдат дека тие блокирале страни од Индија, Јужна Америка и од САД. Фејсбук групите пробале да регрутираат инфлуенсери за да шират лажни информации кон јавноста околу Ковид-19 вакцините. Во последниот извештај на Фејсбук, тие изјавија дека ја пронашле врската помеѓу мрежата и лажните информации кои ги ширеле кампањите од инфлуенсерската маркентинг агенција „Фазе“, која е дел од руската компанија АдНау. Би-Би-Си пренесува дека во мај, на многу инфлуенсери им биле понудени пари од „Фазе“ за да шират лажни информации околу вакцината Фајзер. Од Фејсбук велат дека агенцијата „…

Авг 10, 2021

Потврден прв случај на исклучително смртоносен вирус во Африка

Светската здравствена организација соопшти дека здравствените власти во Гвинеја го потврдиле првиот случај случај на исклучително смртоносниот вирус Марбург, сличен на ебола. Како што е наведено од СЗО, станува збор за прв случај на марбуршка вирусна хеморагиска треска во западна Африка, а пациентот е лекуван во локална болница каде состојбата му се влошила по што починал. Во моментов се работи на пронаоѓање на неговите контакти во делот од државата кон границата со Либерија и Брегот на Слоновата Коска за да се запре ширењето на вирусот, пренесува Гардијан. Вирусот Марбург има голем по…

Авг 10, 2021

Опасна риба напаѓа во хрватскиот дел на Јадранот

Во хрватскиот дел на Јадранското море, неодамна е забележана таканаречената Огнена риба или риба лав (од родот Scorpaenidae). Морски предатор која уништува речиси сѐ што има пред себе. Јаков Дулчиќ од Институтот за океанографија и рибарство во Сплит откри дека животното пристигнало од Црвеното Море и сега брзо се шири преку Јадранот. Бројот на јајца што ги положува е многу голем, а се мрести во текот на целата година – изјавил Дулчиќ во телевизиска емисија на ХРТ. Тој додаде дека оваа риба била откриена минатата година на две места во Јадранското море – во близина на Италија и Албани…

Авг 10, 2021

Дипломатски преговори во Катар за постигнување мир во Авганистан

Неделава во Катар се одржаа два последователни состаноци за да се притиснат завојуваните страни во Авганистан да ги продолжат мировните преговори и да постигнат договор пред конфликтот да излезе од контрола. Дипломатскиот напор доаѓа во време на драматични напади од бунтовниците на Талибан дури и додека САД продолжуваат да изведуваат воздушни напади во поддршка на авганистанските воени сили. Состаноците уследија и по минатонеделното предупредување од страна на Обединетите нации дека „војната во Авганистан влегла во нова, посмртоносна и подеструктивна фаза“. Специјалниот претставник на СА…

Авг 10, 2021

Британскиот принц Ендрју осомничен за сексуална злоупотреба

На британскиот принц Ендрју ќе му се суди во Њујорк за наводна сексуална злоупотреба на жена која тврди дека била „најмена“ за секс кога била малолетничка, со посредство на починатиот американски финансиер Џефри Епстин. Во обвинението поднесено до Окружниот суд во Менхетн, се наведува дека Вирџинија Џуфре е тужителка во случајот против обвинетиот, „принцот Ендрју, војводата од Јорк“. Џуфре тврди дека била „редовно злоупотребувана од Епстин и ангажирана за други моќни мажи, заради сексуална експлоатација“. Еден таков моќен човек беше обвинетиот, принцот Ендрју – обвинува Џуфре. Според…

Авг 9, 2021

Ерупција на вулканот Мерапи во Индонезија

Вулканот на планината Мерапи, на индонезискиот остров Јава, еруптираше рано утринава, исфрлајќи облаци чад, соопшти Националната геолошка агенција, пренесе ДПА. Според агенцијата, жешка лава, пепел и гасови, попознати како пирокластични текови, патувале до 2.000 метри на југозападната падина на вулканот. Нивото на тревога на вулканот остана на второто, највисоко ниво, што беше прогласно од почетокот на повремените ерупции во ноември минатата година. ДПА пренесува дека при последната смртоносна ерупција во 2010 година, повеќе од 340 лица загинале, а 60 000 други биле раселени. Индонези…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top