Од охридската болница информираат и официјално започна реконструкцијата на дел од општата болница. Освен во струшката општа болница хируршките оперативни зафати ќе се прават во Костозглобна и Дијализа информира портпаролот на општа болница д-р Сашо Василески. Објаснува како и досега пациентите ги имаат сите права на избор на хирург, медицинска установа и и начин на лекување. Д-р Сашо Василески, портпарол на општа болница истакнува „дел од екипите дежурствата ќе ги вршат во Струга, и понатака охридските анестезиолози и хирурзи ќе функционираат само што ќе бидат на 10 километри оддалечен…
Скапо-ефтино мора да поминеме некако. Уплашено окото и на пазарџиите и на потрошувачите. За тоа допринесоа високите цени на охридскиот пазар кои деновиве се повисоки дури и за 50 проценти. Наглиот пораст на цените на сезонските продукти видно ги оддалечија потрошувачите од пазарџиските тезги кои нудат пред се домашен квалитет. Струмичката пиперка ајварка присутна на тезгите, но интересот на потрошувачите слаб. Пазарџиите се тешат дека сеуште е рано за зимница.Потрошувачите годинава ќе се откажат од повеќе деликатеси за традиционалната зимница. Тие велат дека цените растат но примањата остан…
Денес муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам, еден од двата најзначајни празници во исламот. Празникот Рамазан Бајрам се слави по завршувањето на светиот месец. За цело време на светиот месец се држи строг пост. Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување.Денес, припадниците на муслиманската вероисповест го слават Рамазан Бајрам. Ова е празник кога богатите муслимани помагаат на сиромашните, кога во кругот на семејството меѓусебно си посветуваат внимание и благодет, во заеднички молитви, си ги простуваат грешките и се радуваат на убавината на животот. Самиот пра…
Македонија денес слави 19 години самостојност. На денешен ден над 95 отсто од граѓаните на Р Македонија, излегоа на референдумот кој се одржа на 8 ми септември 1991 година и позитивно одговорија на референдумското прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. После 19 години граѓаните задоволни од самостојноста. Некои од нив сметаат дека добро е што сме здрави живи и безбедни, но младите велат дека само Европа може да не куртули.По повод одбележувањето на независноста на државата во Охрид се случија бројни настани. Иако денеш…
Со сила ништо не бидува. Се скараа „Сприја“ и „Секајца“. Се работи за две вевчански компании кои вршат линиски превоз на патници, на правец Вевчани – Струга и обратно. Имено, на 5 ти овој месец на влезот во општина Вевчани во непосредна близина на некогашната фабрика „Стружанка“, некаде околу 12 часот на пладне се случила расправија помеѓу сопственикот на „Сприја“ Кире Србакоски и возачот на конкурентната фирма МАТ-ФИС Љубе Ангеличиноски. Според сопствениот на „Сприја“се работи за расправија која била очекувана, заради неажурноста на инспекторот за патен сообраќај кој и прогледувал низ прст…
Дваесет и пет хектари земја наменети за индустриска зона во Струга. За ова земјиште уште во декември минатата година донесен е ДУП и истиот е усвоен. Се работи за земјиште кое се наоѓа од десната страна на магистралниот пат Охрид – Ќефасан и за кое општина Струга издаде 40 маркици. Се чека само Министерството за транспорт и врски да распише тендер, вели првиот човек на општина Струга Рамиз Мерко.Но, Мерко ветува и слободна економска зона која ќе опфаќа тројно повеќе хектари земја. Имено на тоа се работи повеќе од три години. Првичната локација јужно од коридор 8 не била прифатена од страна …
Црквата „Св. Недела“ Коњско се штити од лизгање на земјиштето. Ова свето место се наоѓа на патниот правец Охрид – Св Наум. Екипите на ЈП „Македонија Пат“, од пред два дена сериозно се зафатија за работа со цел да го реализираат проектот на Владата на Р Македонија со кој е предвидено на ова место да се изгради потпорен зид. Оваа инвевестиција чини 3 милиони денари. Раководителот на овој проект Васко Трајковски, рече дека досега работите се одвиваат според однапред зацртаниот план и ги кажа техничките карактеристики за овој потпорен зид. „Се гради потпорен ѕид во должина од 63 м и висина 4 м …
Дрвокрадците ги соголуваат шумите на Јабланица. Жители на соседна Албанија преку границата, поддржани од мештаните во околните села, постојано вршат нелегална сеча. Трговијата со дрва на „црно” посебно е актуелна пред стартот на грејната сезона.
Полицијата во изминатиот период одзеде голема количина дрвна маса, која нелегално се транспортирала од планинскиот појас на патот Струга-Дебар. При секоја заплена на дрвокрадците им се одземаат коњи, џипови, камиони, алат за сеча и огревното дрво.
Со поставување на пунктови и заседи и прегледи на терен и сите активности резултирале со пронаоѓање…