Здрави, живи и безбедни после 19 години

На охриѓани по се изгледа само тоа им е важно бидејќи добар дел од нив така се изразија на денешното одбележување на 8-ми Септември денот на независноста на нашата држава.

 |  Билјана Николовска  | 
zname
знаме

NezavisnostМакедонија денес слави 19 години самостојност.  На денешен ден над 95 отсто од граѓаните на Р Македонија, излегоа на референдумот кој се одржа на 8 ми септември 1991 година и позитивно одговорија на референдумското прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. После 19 години граѓаните задоволни од самостојноста. Некои од нив сметаат дека добро е што сме здрави живи и безбедни, но младите велат дека само Европа може да не куртули.
По повод одбележувањето на независноста на државата во Охрид се случија бројни настани. Иако денешниот ден Владата на Р Македонија го прогласи за неработен малкумина тоа го почитуваа. Дуќаните и тезгите долж охридската чаршија работеа со полна пареа. Празниците допринесоа повторно малку од малку да сепополни градот.
Инаку, во изминатите 19 години самостојно живеење македонската држава мина низ низа проблеми и тешкотии. Трицифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат кон остварувањето на стратегиските цели – зацврстување на демократијата и интеграција во евроатлантските структури.
Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина…
Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на
Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Македонија досега има воспоставено дипломатски односи со 160 држави во светот, а под уставното име е признаена од 125 меѓу кои и три од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Русија и Кина.
Деветнаесетиот роденден од осамостојувањето Македонија го минува во очекување на новиот извештај од Брисел за напредокот на земјата на патот кон евроинтеграциите, како и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top