Се роди првото охриѓанче на струшки терен

Охриѓанка ја доби својата прва принова на гинеколошкото одделение во струшката болница. Во текот на следните 16 месеци охриѓанки ќе се породуваат во оваа соседна болница.

 |  Валентина Неловска  | 
rekonstrukcija
реконструкција

rekonstrukcijaОд охридската болница информираат  и официјално започна реконструкцијата на дел од општата болница. Освен во струшката општа болница хируршките оперативни зафати ќе се прават во Костозглобна и  Дијализа информира портпаролот на општа болница д-р Сашо Василески. Објаснува како и досега пациентите ги имаат сите права на избор на хирург, медицинска установа и  и начин на лекување.
Д-р Сашо Василески, портпарол на општа болница истакнува „дел од екипите дежурствата ќе ги вршат во Струга, и понатака охридските анестезиолози и хирурзи  ќе функционираат само што ќе бидат  на 10 километри оддалеченост од градот. Дислоцирани се само оперативните сали, додека амбулантите и понатака ќе дежураат 24 часа на другите одделенија кои не подлежат на модерниизрање“.     
Стручниот колегиум, на организациониот состанок со   одделите кои ќе се реновираат, се одлучи за ваков оперативен, привремен план според кој ќе работи  болницата во наредниот период вели д-р Василески. Додава дека се состанале и со директорот на Здравствен дом. Тој  презел обврска да ги извести матичните лекари, концесионери, за измените, како и да ги упатуваат пациентите каде на понатамошно лекување. Целосно е ангажиран и медицинскиот персонал  информира д-р Василевски.
rekonstrukcija

Работно е ангажиран целокупниот медицински персонал. 14 медицински сестри, голем број болничари и хигиничари се ангажирани на Интерното одделение,се работи под полна пареа, во три смени и никој не е на 70 % како што проструија гласини во чаршијата укажува д-р Василески.  
Портпаролот на болницата нагласува по завршувањето на реновирањето на дел од старата  болница,  охриѓани ќе добијат современ и луксузен болнички комплекс. Досегашните субстандардни услови во кои се лекуваа граѓаните, а работеа лекарите и медицинскиот персонал ќе заминат во заборав.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top