Post Views: 8
НАТО и ЕУ ќе помагаат во градење на стабилноста на Западен Балкан. Ние сакаме даја видеме Македонија, како дел од Европската Унија но тоа зависи од самата земја, која треба да работи напорно и од останатите земји членки, беше истакнато на работилница која неодмана се одржа во Охрид, на тема „Соработката помеѓу НАТО и ЕУ во проектирањето на Стабилност за Западен Балкан“, што се одржува во Охрид.
„Македонија треба многу да работи, имаше големи падови но Македонија има многу паметни луге кои што знаат што сакаат, знаат да работат, се покажуваат истрајни и мислам дека добро...
Post Views: 6
Големо невреме со обилни врнежи од дожд во Хрватска предизвика голема поплава на улиците во Сплит, пренесуваат хрватските медиуми. Поплавени се многу улици во центарот на градот, како и градските патишта.
Автоматската метеоролошка станица Сплит-Спинут од полноќ бележи дури 47 литри врнежи, од кои 36 литри од 8:30 до 9:30 часот, јавува „Далмација денес“.
Хрватскиот автоклуб ХАК ги предупредува возачите дека патиштата низ Далмација се полни со вода, а на некои места патиштата се затворени поради непроодност.
Тротоарите се влажни и лизгави во поголемиот дел од земјата....
Post Views: 3
Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица мајката на Спасителот Исус Христос. Денешниот голем христијански празник, Успение на Пресвета Богородица се слави на петнаесетиот ден од месец август според стариот календар, односно на 28-иот според новиот календар. Нему му претходи двонеделен Богородичен, или Преображенски пост. Охридските цркви кои го носат нејзиното име денес беа преполни со верници од Охрид но и одсите страни на Македонија, кои дојдоа да се помолат за здравје, спасение...
Post Views: 6
Поставени се околу 100 нови клупи за седење и околу 90 нови корпи за отпадоци во централното градско подрачје и на неколку јавни локации во Охрид, како дел од активностите за поставување на нова урбана опрема.
Поставувањето на опремата се очекува да заврши во текот на наредните денови, со монтирање на нови клупи за седење во стариот дел на градот.
Новата урбана опрема е обезбедена со средства од буџетот на Општина Охрид во вкупен износ од 2.252.000 денари.
Post Views: 2
Во Домот на културата во Лескоец, Охрид се одржа голема прослава по повод роденденот на теквондо клубот Хва Ранг ИТФ, како и отворањето на новата сала каде младите теквондисти ќе ги усовршуваат своите вештини.На свечената прослава која помина во одлично светло беа презентирани вештините кои младите теквондисти ги научиле во текот на тренажниот процес во клубот.
Посетителите имаа можност да проследат атрактивни техники кои досега во Македонија за прв пат беа демонстрирани, кршење штици со најтарактивни удари во скок , а исто така домаќините се погрижија оваа прослава...
Post Views: 0
Хотелско угостителскиот еснаф подолг временски период се соочува со дефицит на кадар од различни профили. Но добар дел и од сопствениците кои вложуваат огромни средства во своите ресторани, хотели, туристички агенции, треба да вложуваат и во својот персонал и правилно да менаџираат со нивните стопански објекти, вели Деканот на ФТУ Цветко Андреески.
„Ние гледаме колку што е во наша можност да им помогнеме на тие хотели, ресторани туристички агенции. Нашите студенти ги распределуваме на практична работа и тоа во оној период кога тие им се најпотребни и да бидат од корист...
Post Views: 0
Денешниот свет се базира на процесори кои во секундата извршуваат неколку милијарди пресметки, а најновиот процесор на компанијата IBM под името TrueNorth е базиран на човековиот мозок, т.е. ја имитира неговата структура.
Иако денешните процесори имаат неколку јадра и голема снага, никако не можат да се мерат со нашиот мозок. Човековиот мозок се состои од 100 трилиони синапси, а еден од најмоќните супер компјутери на светот размислува 1500 пати поспоро од човекот.
На компјутерите за имитација на човековиот мозок им е потребна многу снага бидејќи она што нашиот мозок...
Post Views: 0
Во Охрид и руралните средини има диви приклучоци на градската водоводна мрежа. Ова го потврдуваат од МЈП Проаква бидејќи нивните служби на терен откриват вакви нелегални појави и злоупотреби на системот за водоснабдување, информира Сашо Сотироски технички раковоител во јавното претрпијатие за стопанисување со вода.
„Во последниот период имаше откриени случаи во Горно Лакочереј, Лескоец и низ градот. Правната служба презема мерки за санкции на потрошувачите“, вели Сотироски.
Од Проква напоменуваат дека има забрана потрошувачите на вода, посебно од руралните средини да...
Post Views: 1
Повеќе од 70 лица со 17 различни ретки болести членуваат во Здружението на граѓани за ретки болести Живот со предизвици од Битола, кое денеска организираше трибина со цел да ја запознае јавноста со потребите на ови лица.
„Сите имаат различни потреби во однос на третман и грижа за обезбедување подобар квалитет на живот. Свесни сме дека не може сите проблеми да се решат наеднаш, но драго ни е што започнаа првите чекори кон обезбедување третман за пациентите. Се надевема дека ќе се усвои Национален план за ретки болести во Македонија и дека во наредните 5 години ќе се работи...
Post Views: 4
Во Охрид расте бројот на деца со аутизам. Нивните родители многу пати поради немање доволно знаење и информации не знаат како да се справат со состојбата во која се наоѓа нивното дете. Ова било причина повеќе на иницијатива на дефектолозите од ОУ Св. „Климент Охридски“ да се организира едукација на родители на деца со аутизам. Обуките ќе се одржат на почетокот на септември, тие се бесплатни и се организираат во рамките на проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство кој е дел од Еразмус + програмата на Националната агенција за европски образовни...
Post Views: 1
Викендов започнува треттото издание на „StartQube“, летниот камп за претприемачи и луѓе ориентирани кон градење бизнис. Кампот ќе трае од 26-ти до 31-ви август повторно на планината Галичица во селото Велестово. Летниот камп е организиран од Здружението за развој СТАРТАП ЗОНА, кое се фоксуира на овозможување на различна поддршка за младите кои имаат желба да започнат свој бизнис. Учесниците на StartQube покрај што живеат заедно со менторите на настанот, имаат и можност заедно да работат на развој на бизниси според методологиите на дел од најуспешните претприемачи. Менторите...
Post Views: 4
Велештани денес го блокираа влезот на Струга. Околу 200 жители на струшкото село Велешта протестираа поради ненајавено исклучување на струја од страна на ЕВН. Напнатата атмосфера започна уште синоќа, кога толпа револтирани граѓани ја нападнаа дирекцијата на ЕВН Струга, при што ги искршиле влезните врати.Претседателот на Месна заедница Велешта Абдул Кадри Шеј, денес излезе со став дека многу се лути на постапката на ЕВН и начинот на кој ненајавено исклучуваат струја. Додава дека нема неплаќачи на струја и како и за сите и за нив, постои закон.
„Ние три месеци со нив...