Развиен е процесор кој функционира како човечкиот мозок

Компјутерите кој ќе ги покренуваат вакви процесори би можеле да внесат права револуција во секој аспект на нашето живеење

 |  инфодеск  | 

Денешниот свет се базира на процесори кои во секундата извршуваат неколку милијарди пресметки, а најновиот процесор на компанијата IBM под името TrueNorth е базиран на човековиот мозок, т.е. ја имитира неговата структура.

Иако денешните процесори имаат неколку јадра и голема снага, никако не можат да се мерат со нашиот мозок. Човековиот мозок се состои од 100 трилиони синапси, а еден од најмоќните супер компјутери на светот размислува 1500 пати поспоро од човекот.

На компјутерите за имитација на човековиот мозок им е потребна многу снага бидејќи она што нашиот мозок го работи дури и пасивно е неверојатно сложено. Ситуацијата како онаа кога топка лета према нас, а ние ја фаќаме со рака за луѓето е прилично едноставна, но за да тоа го направи компјутер се потребни комплексни пресметки и многу снага.

Работата на TrueNorth процесорот IBM го започна во далечната 2008 година, сѐ со цел да се креира нова форма на пресметковна архитектура која ќе биде базирана на човековиот мозок. Наместо пресметките да ги прави што е можно побрзо помеѓу 4 или 8 јадра, TrueNorth чипот ги препознава обрасците и ги ускладува така што податоците поефикасно ги обработува со помош на 4.096 јадра.

Овие јадра не се како оние во домашните компјутери и функционираат поинаку. Наместо да работат континуирано, секое јадро на TrueNorth работи само кога е тоа потребно, што ја намалува потрошувачката на енергија и загревањето.

Сите 4.096 јадра меѓусебно комуницираат по пат на поебна мрежа која овозможува процеорот да функционира дури и ако некое јадро се расипе.Сите овие јадра работат во хармонија и чинат неврони, односно 256 милиони синапси. Ова и понатаму е далеку од човековиот мозок кој има 10 милијарди неврони и 100 трилиони синапси, но тоа е токму и крајната цел на проектот на IBM.

Компјутерите кој ќе ги покренуваат вакви процесори би можеле да внесат права револуција во секој аспект на нашето живеење

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top