Охрѓани го слават празникот Успение на Пресвета Богородица

Православните верници денес со посебно внимание слават еден од позначајните празници посветени на Пресвета Богородица мајката на Спасителот Исус Христос, Успение на Пресвета Богородица меѓу народот е познат како Голема Богородица.

 |   | 

Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица мајката на Спасителот Исус Христос. Денешниот голем христијански празник, Успение на Пресвета Богородица се слави на петнаесетиот ден од месец август според стариот календар, односно на 28-иот според новиот календар. Нему му претходи двонеделен Богородичен, или Преображенски пост. Охридските цркви кои го носат нејзиното име денес беа преполни со верници од Охрид но и одсите страни на Македонија, кои дојдоа да се помолат за здравје, спасение и спокој и да осветат леб и пченица.

„Секоја година и да им поможит на сите православни македонци каде и да се.Не сум баш од Охрид, ама тука живеам“.
„Да го славиме, ама ние сме од Штип. И дојдовме овде на Струшките вечери, па така овде дојдовме да го славиме празникот на Пресвета Богородица овде во Каменско“.Во Штип се слави во „Успение на Пресвета Богородица, во црквата во Ново Село, има исто така вака убава литургија и многу народ“.

„Од Кочани, тука сме на викенд продолжен и тука ќе сме ќе ја поделиме панагијата“.

„Секоја година и на син ми му е слава, ние ја славиме Пречиста, и на син ми му е слава, морам и нему да му кренам леб и за нас и така најубав ден за македонскиот народ“.

Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Охриѓанецот Климе Митрески пак, по сон изградил сахрален објект, посветен токму на Мајката Божја.

„Пред некоја година ми дојде на сон наредба од Мајката Божја, да изградам, овде како што е, по нејзина желба, по нејзина слика. Јас градев нешто друго и таа ми се појави тука и тоа ми беше знак дека морам да изградам“ раскажува Климе Митрески – верник.

Објектот е во близина на црквата „Успение на Пресвета богородица – Каменско“, веднаш под саат кулата. Митрески вели дека наскоро очекува да се случи осветувањето на објектот, кој во иднина ќе биде во владение на Македонската Православна црква.

„Ова не е мое, ова и припаѓат на мајката божја, а после осветувањето ќе биде сопственост на Македонската Православна црква. Сите што гледаат мислат дека е авантура дека сакам да манипулиарм, мое беше да изградам, а понатака што ќе прави народто и црквата тоа е нивна работа“ вели Климе Митрески – верник.

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените кои немаат деца веруваат дека со милоста на Света Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови. Празникот Успение на Пресвета Богородица меѓу народот е познат како Голема Богородица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top