Во градот и неколку села откриени диви приклучоци на водоводната мрежа

Во градот и неколку села  откриени диви приклучоци на водоводната мрежа. Службите на МЈП  Проаква преземаат санкции против граѓаните кои направиле злоупотреби. Иако е при крај главната туристичка сезона од Проаква апелираат  граѓаните  внимателно да ја користат водата  од  градската водоводна мрежа. 

 |  Валентина Неловска  | 

Во Охрид и руралните средини има диви приклучоци на градската водоводна мрежа. Ова го потврдуваат од МЈП Проаква бидејќи нивните служби на терен откриват вакви нелегални појави и злоупотреби на системот за водоснабдување, информира Сашо Сотироски технички раковоител во јавното претрпијатие за стопанисување со вода.

„Во последниот период имаше откриени случаи во Горно Лакочереј, Лескоец и низ градот. Правната служба презема мерки за санкции на потрошувачите“, вели Сотироски.

Од Проква напоменуваат дека има забрана потрошувачите на вода, посебно од руралните средини да не ја користат водата од градската мрежа за наводнување на земјоделските површини. Нерационалното користење на водата од системот негативно се рефлектира врз водоснабдувањето во гардот и туристичките населби во сезона. Во градот има 12.000 викенд станови кои треба да бидат снабдени со вода за пиење, а од ПРОАКВА повикуваат на рационално користење на водата.

„Иако е прикрај туристичката сезона потрошувачите да водат сметка, и ние зависиме од потрошената количина на вода. Во лето има недосток на вода во високата зона и да не стаса кон Варош, Лескоец, Вапила, Горно Лакочереј, Лескоец кои се крајни населби“, подвлекува Сотироски.

МЈП „Проаква“ во летната сезона произведува вода од 450 до 530 литри во секунда. Вон туристичката сезона од 1 октормври до 15 април низ мрежата тече вода од 270 до 300 литри вода во секунда, посочува Сотироски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top