Post Views: 4
Амбасадорот Герт-Хајнрих Аренс, шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР на престојните претседателски избори во Македонија денеска во Скопје ќе ги претстави улогата и активностите на мисијата.
Со тоа тоа ќе биде официјализирано отворањето на Набљудувачката мисија за избори на канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ за претседателските избори во Македонија на 13 април годинава.
Повеќе од 300 набљудувачи на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) ќе ги мониторираат претседателските и парламентарните избори...
Post Views: 0
Станицата за мобилна телефонија, поставена на индивидуален станбен објект , ги изреволтира жителите на У.З. „Горна Влашка Маала“. Реагираат дека ниската поставеност на антената, штетноста од емитирање на зрачењата, електромагнетните зрачења кои овој апарат ги генерира го зголемува ризикот од заболување од канцер, на жителите од овој дел на градот. Подржувачите на иницијативата на вчерашниот собир, ги посочија и причините за нивните барања.
„Бараме од надлежните институции да се јават и постапат кон решавање на случајот, истата да ја отстранат, а не одредени служби да...
Post Views: 0
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиката на унапредување на положбата на ранливите категории. Континуирано се стимулираше наталитетот, се доделуваа стипендии за талентирани ученици и студенти, комуналните трошоци на семејствата со социјален ризик се субвенционираа, беше кажано на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ Охрид. Новата Локална самоуправа предводена од Д-р Митко Тилевски и тимот-советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата како приоритетен проект за охриѓани го најавува „Проектот за изградба на социјални станови“.Од сопствени средства ќе изградиме станови во период...
Post Views: 9
За два месеци во Струга ќе никне новата индустриска зона. На потегот од река Сатеска до аеродромот, северно од магистралниот пат, на површина од 31 хектар се прават завршните подготовки за сервирање на овој плац на можните инвеститори. Раководителот на Секторот за урбанизам Натмир Неџипи, кажа до каде се подготовките околу завршната документација за трговско индустриската развојна зона на подрачјето на општина Струга.
„Иначе документацијата ја работат фирми од Скопје, кај нас поднесено е барање за потребната документација, со нив е излезено на терен, целата консултација...
Post Views: 0
Денеска се порибуваше Охридското Езеро со подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка. Согласно Законот за рибарство и аквакултура, секоја година обврска на државата е порибување на природните езера, а на Охридското Езеро се посветува најголемо внимание заради зачувување на охридската пастрмка, изјави Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот Завод Охрид.
„Оваа година почнувајќи од 11 ти септември, започна порибувањето со охридска пастрмка на Охридското Езеро и досега се порибени 1 370 000 единки ослободени во езерото, на различни локалитети и тоа на делот од источното крајбрежје“
На...
Post Views: 1
Нема ништо подраго од тоа да си ја гледате перспективата таму каде што живеете, творите, другарувате. Да работите и создавате во сопствениот град, во сопствената држава. Охрид ќе го направиме место со перспектива, место каде младите ќе ја градат иднината, порача Мишел Силјаноски кандидат на советничката листа на социјалдемократите и коалицијата. Нема ништо без развојот на локалната економија. Токму затоа предвидуваме здружување на бизнисите со општината и граѓаните за да бидат партнери во создавањето на подобар живот за сите, рече Силјаноски.
„Еден од основните предизвици...
Post Views: 0
На првиот натпревар од новата сезона на Втората македонска фудбалска лига, фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос настапија со специјални дресови кои што се посветени на 100-годишниот јубилеј на фудбалот во Охрид.
Отсега, љубителите на фудбалот ќе можат да си купат и дрес од Охридскиот клуб кој што ќе се продава по цена од 1500 денари. Во текот на следната недела ќе бидат пуштени ограничен број на дресови.
Инаку, во продажба се и сезонски билети кои чинат 1000 денари.
Дресови и сезонски билети може да нарачате во инбокс на фејсбук профилот на ГФК Охрид Лихнидос.
Post Views: 0
Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека на 30-ти септември, сабота, во катедралниот храм „Света Софија“, со почеток во 09.00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“. На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. (Едноцрквие)
Вечерта во манастирот „св.Климент и св.Пантелејмон“–Плаошник во 17:00 часот ќе се служи вечерна богослужба.
Во 18:30 во катедралната...
Post Views: 1
Се набавија вакцините против сезонски грип. Центарот за јавно здравје од Охрид од 10ти октомври ќе започне со имунизација. Вакцините кои ќе се примаат штитат од 2 типа на вируси на грип бидејќи според СЗО овие видови ќе бидат најзастапени оваа и наредната година. Вакцините се набавени од холански производител. Има 3000 вакцини , а од оваа количина 1680 се наменти за охриѓани, 720 за Струга и 600 за Дебар. Од досегашната пракса најчесто се вакцинираат повозрасните лица, но и помладите со хронични заболувања, а исто така и вработените кои се во директен контакт со повеќе...
Post Views: 1
По топлото лето голем дел од средна и источна Европа есента ќе биде пропратена и понатаму со повисоки температури од вообичаените.
Несекојдневното топло време на нашите подрачја ќе го има и за време на септември па сѐ до ноември, смета метеорологот на AccuWeather Alan Reppert, а тоа ќе предизвика обилни врнежи на дожд. Дождот ќе го има над Италија и јужен Балкан, каде ќе се задржи и по неколку дена.
Метеорологот Tyler Roys прогнозира дека југот на Балканот и Франција, Португалија и Италија ќе бидат на удар на активни поминувања на бури кои ќе предизвикаат обилни врнежи....
Post Views: 0
На Охрид потребни му се клучни стратешки промени кои ќе го одбележат туристичкиот развој на градот во чија лулка се распослани најзначајните културни, историски и природни богатства. Ова го порача кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата Јован Стојаноски, на денешната прес конференција која се одржа на кејот Македонија.
„Во туристичката понуда ги додаваме здравствениот, спортскиот, wellness и incentive туризмот. Нашата цел е со воведувањето на новите стратешки насоки да го позиционираме Охрид како една од најпосакуваните дестинации на туристичкиот пазар. За...
Post Views: 1
Министерството за труд и за социјална политика го објави списокот на лица, корисници на пензија, кои ќе ја користат услугата на бањско-климатска рекреација за 2014 година.
Списоците со податоци за корисници на пензија се објавени и на веб-страницата на Фондот за пензиско и за инвалидско осигурување на Македонија, а корисниците коишто ќе ја користат услугата ќе добијат и известување за терминот и бањата каде што може да ја користат услугата.
Барањата за користење на услугата се поднесувааа во филијалите на Фондот за пензиско и за инвалидско осигурување на Македонија,...