• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиката на унапредување на положбата на ранливите категории

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиката на унапредување на положбата на ранливите категории

Од сопствени средства ќе изградиме станови во период од три години кои ќе ги понудиме бесплатно да може да ги користат семејствата во социјален ризик. Продолжуваме со политиката на унапредување на положбата на ранливите категории, ова беа поентите на денешната пресс конференција на ВМРО ДПМНЕ Охрид. 

 |  Јаковлева Лионела  | 

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиката на унапредување на положбата на ранливите категории. Континуирано се стимулираше наталитетот, се доделуваа стипендии за талентирани ученици и студенти, комуналните трошоци на семејствата со социјален ризик се субвенционираа, беше кажано на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ Охрид. Новата Локална самоуправа предводена од Д-р Митко Тилевски и тимот-советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата како приоритетен проект за охриѓани го најавува „Проектот за изградба на социјални станови“.
Од сопствени средства ќе изградиме станови во период од три години кои ќе ги понудиме бесплатно да може да ги користат семејствата со социјален ризик со што директно би им се помогнало на истите да добијат свој дом. Со изградбата на социјални станови, Општина Охрид ќе придонесе за станбеното решавање на социјалните случаи кои се најзагрозени, но и на оние кои заради временски непогоди или несреќен случај го изгубиле својот дом, рече Гоце Ѓоргиески-кандидат за советник.
На овој начин Општината врз принципи на солидарност и хуманост ќе им помага на охриѓани со цел да се обезбеди достоинствен живот за сите, порача Ѓоргиески.
Ќе се постават патеки за слепи лица, бесплатен превоз за лица со инвалидитет, субвенции на комунални трошоци за ранливи категории граѓани, како и еднократна парична помош за секое новороденче на првото новороденче 6000 денари, второродено 9000 денари, третородено, 12 000 денари, рече Ѓоргиески.
Тимот на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ вети дека со посветена работа ќе ја направат општината потранспарентна и пофункционална, а администрацијата вистински сервис на граѓаните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top