Центарот за јавно здравје од Охрид набави вакцините против сезонски грип

Центарот за јавно здравје од Охрид набави  вакцините против сезонски грип. Имунизацијата против ова заразно заболување ќе започне на почетокот на октомври. Од оваа година се воведува новина при вакцинирањето па сите оние кои што се болни, хронични болни и се со телесен инвалидитет како и лица над 65год. ќе можат да бидат вакцинирани во нивните домови.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Се набавија вакцините против сезонски грип. Центарот за јавно здравје од Охрид од 10ти октомври ќе започне со имунизација. Вакцините кои ќе се примаат штитат од 2 типа на вируси на грип бидејќи според СЗО овие видови ќе бидат најзастапени оваа и наредната година. Вакцините се набавени од холански производител. Има 3000 вакцини , а од оваа количина 1680 се наменти за охриѓани, 720 за Струга и 600 за Дебар. Од досегашната пракса најчесто се вакцинираат повозрасните лица, но и помладите со хронични заболувања, а исто така и вработените кои се во директен контакт со повеќе луѓе, како што се шалтерски работници, здравствени работници и
Единствено овластена институција за да го спроведе вакцинирањето е само ЦЗЈ на територијата на РМ. Другите здравствени установи не треба да го спроведуваат вакцинирањето, вели епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.
Вакцината чини 400ден. Од оваа година Центарот за јавно здравје воведува новина при вакцинирањето.
Сите оние кои што се болни, хронични болни и се со телесен инвалидитет како и лица над 65год. Ќе можат да бидат вакцинирани во нивните домови со претходна најава од нив или од нивните членови. Наши мобилни екипи од ЦЗЈ ќе го спроведуваат вакцинирањето по домовите, вели Стурлакова.
Инаку периодот кога се јавува најголемиот број на заболени од грип е есен и пролет, и заради тоа се препорачува вакцинирањето да е од октомври до март. Сите кои нема да се вакцинираат во есен може тоа да го направат и на пролет. Според статистиката на ЦЗЈЗ пикот на заболувањето во последните 10 години е во месец јануари со почетокот на второто полугодие од учебната година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top