• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Влашкамаалци бараат отстранување на станица за мобилна телефонија поставена на индивидуален станбен објект

Влашкамаалци бараат отстранување на станица за мобилна телефонија поставена на индивидуален станбен објект

Апелираат, надлежните институции да се произнесат околу овој проблем и истата да ја отстранат, а не нивните служби да ја префрлаат надлежноста едни на други.

 |   | 

Станицата за мобилна телефонија, поставена на индивидуален станбен објект , ги изреволтира жителите на У.З. „Горна Влашка Маала“. Реагираат дека ниската поставеност на антената, штетноста од емитирање на зрачењата, електромагнетните зрачења кои овој апарат ги генерира го зголемува ризикот од заболување од канцер, на жителите од овој дел на градот. Подржувачите на иницијативата на вчерашниот собир, ги посочија и причините за нивните барања.

„Бараме од надлежните институции да се јават и постапат кон решавање на случајот, истата да ја отстранат, а не одредени служби да си ја префрлаат надлежноста едни на други. Бидејќи се наоѓаме во предизборие, барам овој случај да не добие политичка димензија. Ова е само почеток на иницијативата, која од ден на ден ќе добие поголема масовност и радикалност“ вели Д-р. Горан Терзиески – претставник на група граѓани У.З. „Горна Влашка Маала“.

Станува збор за проблем кој не само што ги засега жителите кои живеат во непосредна близина, туку и родителите од околните места, чии деца учат во основното училиште „Христо Узунов“. Колективот на ова училиште ја подржува оваа иницијатива и се противи на поставувањето на објектот.

„Се приклучуваме кон оваа инцијатива за поставување станица за мобилни оператори бидејќи знаеме дека има доста зрачења, а доста ученици не само од оваа урбана заедница Видбишта, Горна Влашка Маала, Христо Узунов, учат во нашето училиште секако дека би настанал проблем доколку оваа антена би се поставила на кровната конструкција на еден од индивидуалните објекти. Можам да кажам дека и ние би го разгледале сето ова на наставнички совет, а би одржале и совет на родители за да преземеме одредени активности ако треба да се обратиме до надлежните институции““ потенцира Тони Симоноски – директор О.У. „Христо Узунов“.

Само за споредба во Скандивија ваквите објекти се исфрлени од употреба, а во блиското соседство, има регулативи кои забрануваат нивно поставување во близина на училишта, градинки, болници и домови за стари лица, велат граѓаните.

„Зависно од изложеноста, на особите на овие штетни зрачења, времетраењето, најпрво се појавува вртоглавица, замаеност, потоа хроничен замор, се чудиме од каде, одиме на лекар, велат дека сме здрави медицински. Понатака колку подолго се изложени лицата на овие штетни зрачења, на крај доаѓа до малигни тумори“ објаснува Томе Стефаноски – професор во пензија.

Граѓаните кои протестираа велат дека веќе е покрената петиција, со која се бара отстранување на антената. Досега се собрани околу стотина потписи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top