benzin

Горивата поефтинуваат за половина денар

Post Views: 5 Горивата од ноќеска на полноќ на бензинските пумпи ширум земјата ќе се точат по пониска цена за половина денар. Ова е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за половина денар за литар. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 78,50 денари за литар, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 80 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68 денари за литар, а цената на Екстра лесното масло за...

Continue reading

Манифестацијата „ За посреќно детство“ масовно прифатена од охриѓани

Post Views: 2 Манифестацијата „За посреќно детство“ од година в година добива се поголема поддршка од охриѓани. Во неа се вклучуваат и децата и родителите, но и други помагатели и спонзори. Со спорт, забава и дружење се спојуваат едукција, хуманост и наградување, вели Сашо Точков претседател на ОО на ЦК и организатор на настанот. Сите оние кои сакаат да ја поддржат оваа манифестација тоа можат да го направат со купување учеснички број кој чини 30 денари и да помогнат во хуманитарниот дел од настанот. „Средствата собрани од продажбата ќе се наменат за помош на деца од социјално загрозените...

Continue reading

Спорт за сите и реконструкција на трибините на СРЦ „ Билјанини извори“

Post Views: 2 Спорт за сите и создавање на подобри услови за спортување, најави Кирил Пецаков носител на советничката листа од Вмро Дпмне и коалицијата. Најавува обнова на трибина и соблекувални на СРЦ „Билјанини извори“. „Постојната трибина на фудбалскиот стадион со реконструкција ќе прерасне во современа трибина. Во рамките на трибината ќе има четири соблекувални, просторија за Атлетски клуб Охрид, и просторија на Општински фудбалски сојуз Охрид. Секогаш младите, младите, младите. Младите се движечка сила и промотор на новите вредности на општетството и градот. Младите се иднината...

Continue reading

iskopina

Се интензивираат археолошките активности на струшкиот музеј

Post Views: 30 Откриени тајните на локалитетот „Голача“ кај струшко Ташмаруништа.  Истражувањата покажале дека се работи за некропола која датира од VII, односно VI век пред нашата ера,  распространета  на сегашните приватни имоти, факт кој му даде одредена специфика на ова истражување, вели Сашо Цветкоски, директорот на НУ Музеј „Др.Никола Незлобински“. Тој објаснува дека пронајден е објект кој со тек на времето се декомпозирал, бидејќи сопствениците на приватните парцели на кои се наоѓа локалитетот ги изнесувале камењата, односно незнаејќи ги ваделе и ги фрлале. „Што ни беше главната...

Continue reading

Образованието во фокусот на денешната седница

Post Views: 6 Во фокусот на советниците на денешната 75 седница на совет беа условите за изведување настава во основните училишта во градов. Оваа дискусија беше иницирана од предлог одлуките за усвојување на годишниоте извештаи за работата и материјално -финансиското работење на ОУ. Советникот Кујтим Усеини посочи дека ОУ „Братство единство“ кое е едно од најстарите училишта во градов е во многу лоша состојба, а условите за настава се навистина под сите критериуми. Еве веќе месеци децава во Братство учат во услови кои се катастрофални. Години наназад сме оставени без никаква интервенција....

Continue reading

погребна кола

Четворица починати за едно деноноќие во штипскиот ковид центар

Post Views: 1 Четворица пациенти ја загубија битката со коронавирусот во штипскиот ковид центар. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека двајца од пациентите се од Радовиш на возраст од 72 и 73 години, а другите двајца од Штип на возраст од 78 и 79 години. Пациентите имале и други здравствени проблеми, а тројца од нив биле и невакцинирани. Инфектолозите велат дека есенскиот бран на делта сојот е карактеристичен што пациентите им доаѓаат во исклучително тешка состојба и веднаш се ставаат на постојана кислородна поддршка. Во моментов зависни од кислород...

Continue reading

Тилевски: Паркот кај „Студенчишта“ ќе биде ново препознатливо место во Охрид

Post Views: 15 Паркот кај каналот „Студенчишта“ ќе биде новото атрактивно и препознатливо место за Охрид, најави кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Митко Тилевски на денешната прес конференција. Со цел дооформување и разубавување на делот околу Охридското Езеро, овој потег ќе биде уреден во достоинствено катче за одмор и релаксација на нашите сограѓани, вели Тилевски. „Изградбата на новите атрактивно пешачко-рекреативни патеки од мостот кон Хотелот Парк и од Котва до Билјанини Извори несомнено наметнаа потреба на просторот од пресекот на улиците „Кеј Македонија-АСНОМ“ до...

Continue reading

Приоритет број еден заштитата на Плаошник и Самоилова тврдина

Post Views: 10 Охридската НУ Завод и Музеј ќе продолжи со заштитата на археолошките локалитети Плаошник и Самоилова тврдина. Бројни проекти биле стопирани оваа година заради пандемијата. Но, од установата ќе поднесат проекти до ресорното министерство за добивање средства за решавање на проблеми од областа на конзервација на археолошките локалитети за идната година. Во меѓувреме, продолжуваат со заштита на археолошките локалитетите Плаошник и Самоиловата тврдина, информира директорот Мишко Тутуткоски. Овие два локалитети ќе се приоритет број еден. Таму има многу градби кои не се конзервирани,...

Continue reading

„За посреќно детство“, годинава со многу новитети

Post Views: 3 Хуманитарниот хепенинг „За посреќно детство“ и годинава со вас. Зборно место е градскиот плоштад „Св Климент Охридски“ утре 30 септември, 11 часот. Организаторот, ОО на Црвениот крст Охрид во партнерство со стоматолошката ординација Баткоски, ветуваат разни содржини нови настани и бројни награди. Претседателот на Црвениот Крст Сашо Точко и годинава очекува голем одзив кај младите активно да се вклучат во спортските дисциплини и останатите активности. „Настанот започнува со голема главна трка со почеток во 11 со старт од плоштадот Крушевска Република кај чинарот и по...

Continue reading

Две изведби на претставата „Не се клади на енглези“

Post Views: 10 На 6-ти октомври со почеток во 20:00 часот, како гостувачка претстава на репертоарот на Народен Театар Охрид, ќе се одигра комедијата “Не се клади на Енглези” чиј автор е Владимир Ѓурѓевиќ, а во режија на Синиша Евтимов. Играат актерите на МНТ: Оливер Митков, Сашко Коцев и Александар Микиќ. Претстава го третира феноменот „спортско обложување“.Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното...

Continue reading

ЕУ порачува: Балканот мора да ја превземе одговорноста со прашањето на бегалците

Post Views: 2 Прашањето на зголемен број мигранти кои сакаат во Европа преку “западнобалканската” рута ќе биде едно од главните прашања на денешната конференција на ЕУ и земјите од западен Балкан која се одржува во рамките на Берлинскиот процес, а државите во регионот, но и ЕУ имаат заедничка одговорност за тој предизвик, потврдиле помеѓу останатото во својата заедничка изјава за конференцијата и нејзините цели, германскиот и австрискиот министер за надворешни работи, Frank-Walter Steinmier и Sebastian Kurz. Конференцијата, како што се наведува, посебно внимание ќе посвети на фактот...

Continue reading

СДСМ Охрид: Локалната самоуправа е сервис на граѓаните, а охриѓани имаат право на ефтини, навремени, квалитетни услуги

Post Views: 1 „Охриѓани имаат право да добиваат навремени, ефтини и квалитетни услуги од Локалната самоуправа. Локалната самоуправа е сервис на граѓаните, кој треба да биде достапен за сите. Токму затоа од СДСМ планираат оваа институција да ја отворат и да ја направат место каде граѓаните ќе ги добијат потребните услуги“ истакна на денешената прес конференција Живка Ангелоска кандидат за советник од редовите на СДСМ од Охрид. „Тоа го овозможуваме преку отворање на канцеларии на локалната самоуправа, во секоја Урбана и месна заедница. Напоредно со ова го зајакнуваме нивниот правен...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top