• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • СДСМ Охрид: Локалната самоуправа е сервис на граѓаните, а охриѓани имаат право на ефтини, навремени, квалитетни услуги

СДСМ Охрид: Локалната самоуправа е сервис на граѓаните, а охриѓани имаат право на ефтини, навремени, квалитетни услуги

Планираат да одвојат од буџетот по околу милион денари за отоворање сервисни канцеларии во урбаните и месните заедници од градов.

 |   | 

„Охриѓани имаат право да добиваат навремени, ефтини и квалитетни услуги од Локалната самоуправа. Локалната самоуправа е сервис на граѓаните, кој треба да биде достапен за сите. Токму затоа од СДСМ планираат оваа институција да ја отворат и да ја направат место каде граѓаните ќе ги добијат потребните услуги“ истакна на денешената прес конференција Живка Ангелоска кандидат за советник од редовите на СДСМ од Охрид.

„Тоа го овозможуваме преку отворање на канцеларии на локалната самоуправа, во секоја Урбана и месна заедница. Напоредно со ова го зајакнуваме нивниот правен статус. Дополнително, секоја Урбана и месна заедница ќе добијат на располагање сопствен буџет од максимум од еден милион денари. Со овие средства се подобрува инфраструктурата во секое место“ додава вели Живка Ангеловска, кандидат за советник од СДСМ Охрид.

Англеоска истакна дека со напредокот на технологијата и потребите на граѓаните од поквалитетни и побрзи услуги, треба да се унапреди и ефиканоста на давањето на услугите од страна на градоначалникот и општинската администрација и кон граѓаните и кон правните субјекти од градов.

„Општината треба да е иницијативна и динамична, со цел да го подобри живото на граѓаните во градот и секое населено местоп. Новата општинска власт треба да е услужна и подеднакво посветена на сите граѓани“, вели Живка Ангеловска, кандидат за советник од СДСМ Охрид.

На денешената прес конференција, од СДСМ ветија и подршка и помош за најзагрозените семејства и лицата со посебни потреби, унапредување на физичката и техничката достапност во сообраќајот, за лицата со инвалидитет, како и надминување на физичките бариери за овие лица во однос на општинските административни објекти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top